Шлајфе
Шлајфе (германски: Schleife), горнолужички: Slepo) — општина во северниот дел на округот Герлиц, североисточна Саксонија, Германија. Седиште е на Амт Шлајфе (околу 5.000 жители). АдминистрацијаВо текот на општинските реформи во 1990-тите во Саксонија, на Шлајфе му биле додаден двете села Мулквиц и Роне и заедницата на општини Шлајфе, која била основана на парохијата Шлајфе. Парохијата Шлајфе се состои од осум села, освен Лискау, кои биле дел од заедницата на општини Шлајфе:
Лискау е специјален случај, бидејќи се наоѓа во покраината Бранденбург. Сепак, од 2003 припаѓа на градот Шпремберг. Лужичкосрпска култураШлајфе се наоѓа на во рамките на лужичкосрпскиот регион и е обележен како центар на најмалиот дијалект на горнолужичкиот јазик, Schleifer Dialekt. Користен е во Шлајфе и соседните седум села, кои се дел од Шлајфе (Schleifer Kirchspiel). Денес тој е единствено користен од многу мал број на жители, но се прават напори за негово воспоставување на втор мајчин јазик. Јазикот е предаван во една од градинките и во локалното училиште. Старите словенски традиции и фестивали се прославуваат - од индивидуалци и од групи и организации, како што е Sorbisches Folkloreensemble Schleife. Во општината постои и музеј за Лужичките Срби. Познати луѓе
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia