Ниски
Ниски (германски: Niesky, горнолужички: Niska; полски: Niska) — мал град во историската област Горна Лужица, во источниот дел на сојузната покраина Саксонија, Германија. Има население од околу 11.000 жители и е дел од округот Герлиц. Градот бил основан во 1742 од бохемиски доселеници. Како членови на Моравската црква, тие избегале од прогоните во нивната католичка татковина. Името Ниски е германизирана верзија на чешкиот збор nízka („низок“). Во 1776, на возраст од 12 години, Бенџамин Хенри Латроб, идниот проектант на американскиот Капитол, како и на Балтиморската базилика, бил испратен во моравското училиште во Ниски. Во 1926, архитектот Конрад Ваксман работел во градежната фирма Christoph & Unmack AG. Населени места во рамките на градот се Нојхоф, Нојсерхен, Ноједерниц, Едерниц, Зе, Цехе-Мохолц, Козел, Цедлиг и Зандшенке. Збратимен градНиски е збратимен со францускиот град Албер. Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia