Лукс![]() Лукс (симб: lx или лк) — изведена SI-единица за осветленост и светлосна излезност која ја изразува светлосната моќ по единица површина. Се користи во фотометријата за изразување на јачината на светлината светлината врз или низ некоја површина, како што му изгледа на човечкото око. Ова е аналогно на радиометриската единица „вати на квадратен метар“, но моќта на секоја бранова должина се пондерира согласно функцијата на светлосна делотворност, која е стандарден модел на восприемање на светлосната јачина од страна на човечкото око. ОбјаснувањеОсветленоста изразува во која мера светлосниот тек е праспространет врз дадена површина. Светлосниот тек (се изразува во лумени) го изразува вкупното „количество“ на присутна видлива светлина, додека осветленоста ја изразува јачината на осветлувањето на дадена површина. Извесно количесто светлина осветлува послабо ако светлината е распределена на поголема површина, па затоа осветленоста е обратнопропорционална на површината. Според една од дефинициите, луксот е „осветление на површина на која од далечина од 1 м паѓа вертикална светлина со јачина од 1 Хефнерова свеќа“.[1] Еден лукс е еднаков на еден лумен на квадратен метар: Тек од 1000 лумени насочен врз површина од еден квадратен метар ја осветлува таа површина со 1000 лукса. Меѓутоа, ако истите 1000 врз десет квадратни метри даваат само 100 лукса. Како и другите единици од тој систем, луксот користи SI-претставки како на пример килолукс (klx) = 1000 лукса.
Фотометриски SI-единици
НаводиНадворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia