Велигденски Остров
Велигденскиот Остров (рапанујски: Rapa Nui, шпански: Isla de Pascua) — Полинезиски остров во југоисточниот Тихи Океан на најјугоисточната точка на Полинезискиот Триаголник. Островот е посебна територија на Чиле. Познат е по своите монументални статуи наречени моаи (МФА: /ˈmoʊ.аɪ/), створени од Рапанујците. Тие се дел на Списокот на светското културно наследство заедно со Рапанујскиот национален парк. Потекло на поимотИмето„ Велигденски Остров“ било дадено од страна на првиот регистриран европски посетител холандскиот истражувач Јакоб Рогевен, кој пристигнал на островот на самиот ден Велигден во 1722 година.[4] Официјалното име на островот е шпанскиот назив, Isla de Pascua, шпански термин за „велигденски остров“. Сегашното полинезиско име на островот „Rapa Nui“ или „Големиот Рапа“, било сковано од страна на работничките имигранти од Рапа на Островите Бас, кои биле поврзани со својата земја, но депортирани како перуански робови во 1870те.[5] Како и да е, Тор Хејердал тврди дека името Рапа е оригиналното име на островот, додека Рапа Ити е дадено од страна на бегалците.[6] Постојат неколку хипотези за "оригиналното" полинезиско име за островот, вклучувајќи го и Te pito o te henua, или "Папокот на Светот". Легендата вели дека првото име на островот е Te pito o te kainga a Hau Maka, или "Малото парче земја на Хау Мака".[7] Другото име Mata-ki-Te-rangi, значи "Очи кои зборуваат со небото."[8] Географија![]() Велигденскиот Остров е еден ос најизолираните острови во светски рамки кој воедно е населен. Тој се наоѓа на 3.600 км (2.237 mi) западно од континентално Чиле и 2.075 км (1.290 mi) источно од Питкерновите Острови (Сала и Гомес). Најблиската населба се чилеанските острови Хуан Фернандес, сместени на 1850 км источно и дом на околу 900 луѓе. Најблискиот континентален дел е централно Чиле во близина на Консепсион на 3512 км. Единствениот поизолиран населен остров во светот е Тристан да Куња во јужниот дел на Атлантикот. Островот е долг околу 24,6 км и широк 12,3 км. Неговата форма е триаголна. Има површина од 163,6 km2, а максималната височина е 507 м надморска височина. Има три кратери езера со свежа вода, но нема постојани реки или потоци. ГеологијаВелигденскиот остров е вулкански остров составен главно од три изгаснати и споени вулкани: Теревака (507 М) го формира поголемиот дел од островот, додека Поике и Рано Кау ги формираат источните и јужните излети и му даваат на островот триаголен облик. Во минатото, Поике бил посебен остров кога ги обединувал вулканскиот материјал од Теревака. На островот доминираат базалтни потоци, кои се богати со железо и покажуваат сличности со магматските карпи на островите Галапагос. Сместено на 350 км источно од Источнотихоокеанскиот Гребен, Велигденскиот Остров се наоѓа на Насканската Плоча. КлимаНа островот доминира екваторска клима, која се граничи со влажна суптропска клима. Најниски температури се забележани во јули и август, а највисоки - во февруари. Зимите се релативно благи. Најдождлив месец е мај, иако островот врне во текот на целата година. Изолираната локација на островот го изложува на ветрови, кои помагаат да се одржи температурата релативно ладна. Бидејќи паѓа надвор од зоната на тропска конвергенција, околу Велигденскиот остров не се формираат циклони и урагани. КултураМитологијаНајпознати витови се:
Камена обработкаРапа Нуи е вулкански остров. Рапанујците имале цивилизација од каменото време и правеле неколку вида на домородски камења:
Моаи (статуи)Големите камени статуи, или моаи (moai), по кои Велигденскиот Остров е најпознат биле создадени за релативно брзо време во текот на породуктивната мегалитска активност. Вкупно 887 монолитни камени кипови се инвентирани на островот и во музејските збирки. Иако често се идентификуваат како "Главите на Велигденскиот Остров", киповите всушност се потполно торзо, кои клечат на колена и имаат скрстени раце кои лежат на нивните желлудници. Некои исправени Моаи останале закопани до вратор како последица на тектонските движења.[9][10][11][12][13] Аху![]() Аху (Ahu) се камени платформи кои се разликуваат по големината. Многу од нив се значајно преобработениво текот на ерата Хурија мо'аи или кип-свргну]]. Многу од нив станале костурница, еден е отворен со динамит, и Аху Тонгарики е уништен од цунами. Аху Тонгарики, еден километар од Рано Рараку, имала најголем и највисок Моаи од вкупно 15. Останати забележани се Аху Акиви, онновен во 1960 од страна на Вилијам Муллој, Нау нау на Анакена и Тахаи. Аху без камени Моаи можеби имало од дрва но сега се изгубени. Класични елементи на дизајнот на аху се:
Врвот на аху може да биде:
Демографија2002 пописБројот на населението сперед последниот попис во 2002 иснесувало 3.791 (3.304 само во Ханга Роа). 60% биле Рапанујци, Чилеанци биле 39% од вкупното населени, додека останатиот дел од 1% биле Американски староседелци претеќно од чилеанското копно. Рапанујците исто така мигрирале од островот. Според пописот во 2002, 2.378 жители живееле на чилеанското копно (половина од нив во метрополитенската област на Сантјаго). Густината на населението иснесувала само 23 жители на км2 (60 на sq mi), многу помалку одтколку во 17 век кога вкупното население броело околу 15.000 жители со околу 92 жит. на км2 (214 на sq mi). Демографска историјаВо 1982 година бројот на населението изнесувал 1.936 жители. Ова е како последица на недомородното чилеанско население кое се населувало на островот и со тоа постепено се губел полинезискиот идентитет. Во 1982 околу 70% од населението биле Рапанујци. Населението било намалено за 2.000-3.000 поради ропството. Во 19 век околу 2.000 Рапанујци биле транспортирани во Чиле да работат како робови во Перу од страна на Европејците. Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia