Вкупното население на пописот во август 2007 изнесувал 259.596 жители.[2] Од нив 68,6% живееле на островот Тахити.[2] Урбаната област на главниот град Папете, имал 131.695 жители.
Според истиот попис, 87,3% од жителите биле родени во Француска Полинезија, 9,3% биле родени во Франција, 1,4% во некои од прекуморските територии на Франција надвор од полинезија и 2,0% во странски држави.[4] На пописот од 1988 кога за последен пат имало прашања во врска со етничкото потекло, 66,5% од жителите биле чисти полинезијци, 7,1 % биле полинезијци со делумно европско и азијатско потелко, 11,9% биле Европејци, 9,3% мешани Европејци и полинезијци, т.н. Демис (во превод "пола"), и 4,7% биле источни азијати (претежно кинези).[1]
Францускиот јазик е службен јазик во Француска Полинезија. Според законот од 12 април1996 се вели "Францускиот јазик е службен јазик, а тахитскиот и другите полинезиски јазици исто така се користат." Според пописот од 2007, населението од 15 години и постаро, односно 68,5% изјавиле дека францускиот јазик го користат во домашна употреба, 29,9% изјавиле дека во домашна употреба користат еден од полинезиските јазици (80 % тахитски), 1,0% користеле кинески и 0,6% други.[8] Според истиот попис, 94,7% од луѓето изјавиле дека можат да разберат, пишуваат и читаат француски јазик, додека само 2.0% немале никакво познавање од јазикот.[8] 74,6% изјавиле дека можат исто така што зборуваат, пишуваат и читаат на еден од полинезиските јазици, додека 13,6% од попишаните немаат никакви познавања од истите.[8]
Религија
Христијанството е најзастапената религија на островите, од кои мнозинството (54%) припаѓа кон неколку варијанти на протестантството додека другиот дел (30%) се припадници на католицизмот.
↑ 3,03,1Статистички институт на Француска Полинезија (ISPF). „Економски пребројувања“. Архивирано од изворникот на 2009-04-09. Посетено на 15 ноември 2008. (француски)