Велика Река (Осогово)
Велика Река или Голема Река — река во Источна Македонија и десна притока на Брегалница. ТечениеРеката извира на планината Осогово. Нејзиниот тек е источно од селото Јастребник и северно од градот Кочани.[1] Реката се влева во езерото Гратче и во неговиот северн дел, под ридот Кале, заедно со Мала Река ја образува Кочанска Река.[2] По течението на реката непосредно пред нејзиниот влив во езерото Гратче се наоѓа Гратчевскиот Водопад којшто настанал со изградбата на помошна брана којашто имала за цел да го спречува наглиот доток на вода до месноста Рамна Скала каде што се градела големата брана.[3] ХидрографијаРеката зафаќа површина од 202,37 ха.[4] Флора и фаунаПокрај реката се застапени појаси од евла и врба. Долината на реката е единствениот предел на Осоговските Планини каде се среќава ендемски вид на виук Festuca thracica ssp. violaoceosordida var. osogovoensis. Подрачјето исто така е богато со крајречни шуми, као и силикатни карпи на коишто е забележлива хазмофитска вегетација сочинета од чуваркуќа и други растенија. Карпиште со сува грмушеста вегетација се единственото подрачје на планината каде што се среќава средоземниот вид на скакулци Saga natoliae којшто е најголем претставник на скакулци во Европа. По течението на реката се среќаваат и вилински коњчиња од видовите Cordulegaster heros, Ophiogomphus cecilia и Calliaeschna microstigma.[5] ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia