Гратче (езеро)
Гратче или Кочанско Езеро (месно познато како Браната) — вештачко езеро сместено во подножјето на Осоговските Планини, на местото на некогашното село Долно Гратче, оддалечено околу 6 км северно од Кочани.[1] Езерото има издолжен облик во правец север-југ и е со вкупна површина од 0,19 км2.[2] Езерото било изградено на местото на коешто Мала и Велика Река ја образуваат Кочанска Река во 1959 година, со цел водоснабдување на градот Кочани и во помала мера за наводнување на Кочанското Поле.[2] ГеографијаГратче било создадено на местото на коешто Мала и Велика Река ја образуваат Кочанска Река, каде што во минатото се наоѓало селото Горно Гратче, на надморска височина од 467 м. Езерото е долго 1,2 км, а широко е 0,2 км и има должина на бреговата линија од околу 3,5 км. Неговата површина изнесува 0,19 км2, а најголемата длабочина е 29 м.[2] Брана и капацитетБраната е изградена на Кочанска Река во 1959 година и претстсавува армиранобетонска брана со височина од 29 м, должина на круната од 145 м, ширина на мостот од 0,8 м и ширина на основата од 6 м. Со атмосферските врнежи, езерото годишно во просек добива вода од околу 383.000 м3. Браната има целокупна зафатнина од околу 2.250.000 м3, а водата се користи за наводнување и индустриски цели.<ref name="општина">На мостот на браната е поставена спомен-плоча во чест на изградбата на браната.[2] ТуризамЕзерото Гратче има и туристичко-рекреативен карактер, со градот Кочани е поврзано по асфалтен пат, а на неговиот брег има неколку објекти со угостителски карактер и хотел. На северната страна на езерото, на самиот спој на Мала и Велика Река се наоѓа археолошкото наоѓалиште Долно Градиште. Околу езерото постојат планинарски пешачки патеки коишто овозможуваат да се заобиколи, а на оддалеченост од околу 1 км по течението на Велика Река се наоѓа Гратчевскиот Водопад којшто настанал со изградба на помошна брана на тоа место. Во повисоките делови од планината има видиковец, а од езерото има патека и до споменикот „Мактеон“.[2] Галерија
ПоврзаноБелешки
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia