Екипниот спринт за жени на Летните олимписки игри 2012 во Лондон, Велика Британија, се одржал на лондонскиот велопарк на 2 август.[1]
Екипниот спринт започнал со квалификации, кога најдобрите осум екипи продолжиле во првото коло (4. против 5., 3. против 6., 2. против 7. и 1. против 8.). Четирите победнички екипи од првото коло се натпреварувале за медали, каде најдобрите две екипи се натпреварувале за злато, додека останатите две екипи се бореле за бронзата. Преостанатите екипи биле сместени од петтото до осмото место според времињата од првото коло.[2]
Кристина Фогел и Миријам Велте од Германија го освоиле златниот медал со време од 32,798 секунди. Кина го освоила сребрениот медал, а Австралија бронзата.
Распоред
Сите времиња се според UTC+1
Датум
|
Време
|
Коло
|
Четврток, 2 август 2012 |
16:00 |
Квалификации и финале
|
Резултати
Квалификации
Место
|
Земја
|
Велосипедисти
|
Резултат
|
Забелешка
|
1
|
Кина (CHN)
|
Гонг Џинџие Гуо Шуанг
|
32,447
|
К, СР
|
2
|
Велика Британија (GBR)
|
Викторија Пендлтон Џесика Варниш
|
32,526
|
К, СР*
|
3
|
Германија (GER)
|
Кристина Фогел Миријам Велте
|
32,630
|
К
|
4
|
Австралија (AUS)
|
Карли Мекулок Ана Мирес
|
32,825
|
К
|
5
|
Холандија (NED)
|
Ивон Хејгенар Вили Канис
|
33,253
|
К
|
6
|
Франција (FRA)
|
Санди Клер Виржини Киф
|
33,638
|
К
|
7
|
Украина (UKR)
|
Љубов Шулика Олена Чиос
|
33,708
|
К
|
8
|
Венецуела (VEN)
|
Даниела Лареал Маријаестела Вилера
|
34,320
|
К
|
9
|
Јужна Кореја (KOR)
|
Ле Еун-Ји Ле Хие-Јин
|
34,636
|
|
10
|
Колумбија (COL)
|
Дијана Гарсија Јулијана Гавирија
|
34,870
|
|
- К = квалификувани; СР = светски рекорд
- Возењето на Варниш и Пендлтон за Велика Британија се случуло пред тоа на Гонг и Гуо од Кина и тие први го урнале светскиот рекорд. Но, веднаш потоа биле поразени од кинеската екипа во следната група.
Прво коло
- СР = светски рекорд
- Велика Британија победила во својата група со време кое биле доволно за натпревар за златото, но ти биле поместени на последното место поради рана измена.
Коло за медали
Натпревар за
|
Екипа
|
Време
|
Место
|
Забелешка
|
злато |
Германија (GER) |
32,798 |
01 Златен |
|
Кина (CHN) |
32,619 |
02 Сребрен |
РЕЛ*
|
бронза |
Австралија (AUS) |
32,727 |
03 Бронзен |
|
Украина (UKR) |
33,491 |
4 |
|
- Кина имала најдобро време во финалето, но тие биле поместени на второто место поради рана измена.
Наводи