Кина на Олимписките игри
Првпат на игрите учествувале како Република Кина од 1932 до 1948 година, Кина се натпреварувала на Олимписките игри под името Народна Република Кина за првпат во 1952 година, на игрите во Хелсинки, Финска, 1952 година, иако пристигнале подоцна успеале да учествуваат само на еден настан.[1] Истата година, МОК им дозволи на НРК и на Република Кина (која се преместила на Тајван по Кинеската граѓанска војна) да се натпреваруваат, иако Република Кина се поввлекла од игрите во знак на протест.[1] Поради спорот околу политичкиот статус на НРК, тие не учествувале на Олимписките игри сè до Зимските олимписки игри од 1980 година одржани во Лејк Пласид, САД.[1] Нивното прво појавување на Летните олимписки игри по оние од 1952 година е она на Летните олимписки игри во 1984 година во Лос Анџелес, САД.[2] Кинескиот олимписки комитет восегашниот облик бил признаен во 1979 година.[1] Пред Кинеската граѓанска војна, спортистите се натправарувале како Република Кина на Олимписките игри. Република Кина продолжила да се натпреварува на игрите од 1952 до 1976 (зимски), но биле претставени само од спортисти од островот Тајван (иако членовите не фудбалската репрезентација на игрите во 1960 година биле претежно од Хонгконг). Спорот околу употребата на името Кина довело до тоа НРК да ги бојкотира игрите во овој период. Во 1979 година, МОК донел одлука со која Република Кина ќе се натпреварува како Кинески Тајпеј, со што се овозможило НРК конечно да се придружи на олимпиското движење.[1] Хонгконг имал свој одделен Национален олимписки комитет од 1950 и се натпреварувал на игрите од 1952 година. Откако територијата била вратена во владение на НРК и Хонгконг останал како специјална управна област во 1997 година, Хонгконг и понатаму продолжил да се натпреварува независно од остатокот на Кина под името Хонгконг, Кина. Домаќин на игритеНародна Република Кина била домаќин на игите во два наврати:
Табели со медали по игри
![]() ![]() Медали по летни спортовиКинеските спортисти имаат освоено медали во повеќето спортски дисциплини на Летни олимписки игри. Водечка земја во тој спорт
Медали на Зимските олимписки игриКинеските спортисти имаат освоено медали на 5 од 15 моментални Зимски олимписки спортови.
ИсторијаПрво учество и паузиПо воспоставувањето на Народна Република Кина во 1949 година, НРК испрати делегација на Олимписките игри за првпат на игрите во 1952 година во Хелсинки, Финска. Кинеската делегација (вклучувала спортисти и делегати) се состоела од 38 мажи и 2 жени,[4] вклучувајќи ја машката фудбалска генерација, машката кошаркарска репрезентација, и еден пливач. Само пливачот пристигнал на време за да земе учество на натпреварите, и фудбалската репрезентација одиграла два пријателски меча.[5] Кинезите останале десет дена во Хелсинки и учествувале на церемонијата по повод затворањето на игрите. Екипата на Република Кина се повлекла од игрите на 17 јули поради одлуката на МОК да дозволи НРК и РК да се натпреваруваат истовремено.[6] Ова го означило почетокот на конфликтот на „двете Кини“, што довело Кинескиот олимписки комитет да се повлече од МОК во август 1958 година. Во 1970-ите, Кина ги нормализирала своите односи со САД, воспоставувајќи дипломатски односи на 1 Јануари 1979 година. Ова нормализирање на односите довело до тоа Кинескиот олимписки комитет да се врати во МОК на 25 октомври 1979 година.[4] Само три месеци подоцна, Кина учествувала на игрите во 1980 година во Лејк Пласид, САД, нивно прво учество по 28 години на игрите во 1952 година. Кина ги бојкотирала игрите во 1980 година во Москва, СССР. По игрите во 1984 во Сараево, Југославија, Кина има учествувано на сите последователни Летни и Зимски олимписки игри. МедалистиЛетни олимписки игриПовеќекратни медалистиОва е список на кинески освојувачи на медали кои освоиле најмалку три златни медали и пет медали на Летните олимписки игри. Сѐ уште активните спортисти се со затемнети букви.
Повеќе златни медали во поединечни натпреварувањеОва е список на кинески спортисти кои освоиле најмалку два златни медали на едни Летни олимписки игри. Подредени прво по златни, потоа по спортови, и по години.
Освојувачи на повеќе медали на еден настанОва список на кинсеки спортисти кои освоиле најмалку три медали во единствен настан на Летните олимписки игри. Подредени прво по медали, спорт, па по злата.
Најмногу учестваОва е список на кинсеки спортисти кои се натпреварувале на четири Летни олимписки игри. Сѐ уште активните спортисти се со затемнети букви. Возратите 15- и 40+ се со затемнети букви.
Зимски олимписки игриПовеќекратни освојувачи на медалиОва е спиок на кинески спортисти кои освоиле најмалку два златни медали и три медали на Зимските олимписки игри. Сѐ уште активните спортисти се означени со затемнети букви.
Повеќекратни освојувачи на златни медали на едно учествоОва е спиок на кинески спортисти кои освоиле најмалку два златни медали на едни Зимски олимписки игри. Подредени по злата, па по спортови, па по година.
Повеќекратни медалисти во еден настанОва е спиок на кинески спортисти кој освоиле најмалку три медали на единствен настан на Зимските олимписки игри. Подредени по медали, па по спорт, па по злата.
Најмногу настапиОва е список на кинески спортисти кои се натправарувале на најмалку четири Зимси олимписки игри. Сѐ уште активните спортисти се означени со затемнети букви.
Носачи на знамињаЛетни олимписки игри
Зимски игриПоврзано
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia