Велосипедизмот на Летните олимписки игри 2012 ќе се одржи на пет различни места. Местата се Лондонскиот велопарк за велодромскиот велосипедизам и BMX,[1] и Хадли Фарм во Есекс за планинскиот велосипедизам.[2] Друмските трки ќе се одржат на патека, која ќе започнува и завршува на Бакингемската палата,[3] додека пред Палатата Хемптон Корт ќе започне друмскиот хронометар. Ќе бидат одржани 18 натпревари, на кои се очекува да настапат околу 500 спортисти.
Велосипедизмот бил присутен на сите Летни олимписки игри од првата современа Олимпијада во 1896, заедно со атлетиката, гимнастиката, мечувањето и пливањето. Споредено со претходните олимписки игри во Пекинг се случиле многу промени во олимписката велодромска велосипедска програма. Машката и женската поединечна потера и бодовната трка и машкиот медисон ќе бидат повлечени од олимписката програма. Екипниот спринт, екипната потера и кеирин ќе бидат додадени на програмата за жени, додека омниум ќе биде нова дисциплина и кај мажите и жените.[4] Државите смееле да имаат само по еден натпреварувач во некоја дисциплина, ограничување кое било донесено да се избегне британскиот состав повторно да дојде до двојно освојување на медали во иста дисциплина, како што тоа го направиле во 2008. Слично како на Игрите во Пекинг 2008, на велосипедистичките дисциплини преовладувале Британците.
Распоред на натпреварите
К
Квалификации
¼
Четвртфинале
½
Полуфинале
Ф
Финале
BMX, планински велосипедизам и друмски велосипедизам[5][6][7]