Википедија:Геоекспедиции 2016
Во текот на 2016 година се спроведени две геоекспедиции, со кои би биле опфатени следните предели:
Одржани геоекспедицииМокраГеоекспедицијата на најголемиот според површина планински масив Мокра сочинет од планините Јакупица, Караџица, Даутица се одржал со теренски посети во неколку наврати. Првата експедиција била одржана викендот на 22-24 април 2016, кога помала група предводена од Марио Шаревски се упатила пеш од железничката станица Ореше преку врвот Солунска Глава покрај изворите на Кадина Река, врвот Убава, гребенот Пепелјак, Драчевски Рид, Празна Торба, Марковиот Манастир и врвот на Водно над Скопје, ноќевајќи две ноќи со шатор во месноста Бабина Дупка и околината на с.Цветово. На пешачкиот поход од околу 78 километри се сликани повеќе забележителни врвови, гребени, месности, извори, реки, растителни видови. Втората посета во рамките на експедицијата се одржала на 19 јуни 2016 година, кога Марио како учесник планинарската акција за посета на Салаковските езера на ПД „Трансверзалец“. Во рамки на посетата покрај Салаковските езера, биле искачени врвовите Убава и Црн Врв при што биле сликани и гребенот Пепелјак, Салаковска Река и повеќе други препознатливи предели на планината.
ФотографииСите фотографии направени за време на геоекспедицијата се достапни во следнава категорија:
Шар ПланинаПоради извонредно големата сложеност на потфатот за посета на многуте тешкопристапни предели на Шар Планина, геоекспедицијата се одржала со теренски посети во неколку наврати во текот на 2014, 2015 и 2016 година. Првите посети се одржале во 2014 година на 31 август кога биле посетени врвот Рудока и Црното Езеро и на 28 септември кога бил искачен врвот Плат. Првата посериозна експедиција била одржана на 7 јуни 2015 кога Марио Шаревски заедно со уште неколкумина мештани и планинари од планинарските друштва „Трансферзалец“, „Љуботен“ и „Македон“ ги посетиле и искачиле Доброшки и Езерски Врв и ги сликале Горното и Долното Доброшко Езеро и реката Габровница. Најголемиот потфат за посета и сликање на предели по целото протегање на Шар Планина е изведен во периодот од 3-12 јули 2015 година, кога Марио заедно со уште 15 планинари во рамки на „Западната македонска трансферзала“ органзирана од ПД „Трансферзалец“ пешки и со преноќување во шатори го поминале целиот срт на протегање на Шар Планина на трасата на трансферзалата почнувајќи од врвот Љуботен па сè до Охрид односно охридското село Црвена Вода. При оваа експедиција се сликани голем број на врвови, езера, огранки, падини, висорамнини и места на Шар Планина. На 4 октомври 2015 година во рамки на манифестацијата „Да пошараме до Пожаране“ каде како еден од организаторите се јавува и Марио биле посетени доста непристапните врвови Голема и Мала Враца со Горното и Долното Врачанско Езеро, до кои воопшто не постои обележана патека. Во 2016 година, кога официјално бил претставен вики-проектот Геоекспедиции, на 26 јуни, во рамки на велосипедскиот маратон „Шарски води“ беа извозени над 90 километри на потегот од Попова Шапка до селата Дуф и Вруток по целата источна падина на
ФотографииСите фотографии направени за време на геоекспедицијата се достапни во следнава категорија:
Поврзано |
Portal di Ensiklopedia Dunia