Црно Езеро (Шар Планина)За други истоимени места, погледајте Црно Езеро.
Езерото се наоѓа во сливното подрачје на реката Маздрача на надморска височина од 2.164 метри и претставува второ најголемо езеро меѓу Шарпланинските езера. Истото има неправилен облик и е издолжено во насока северозапад-југоисток.[2][3] Местоположба![]() Се наоѓа во Брустовичкиот масив, на неговата јужна падина наспроти северната на која што заедно се наоѓаат Белото и Боговињското Езеро.[4] Езерото лежи на надморска височина од 2.120 метри во карпест басен на еден цирк - длабодолинка која се наоѓа на јужната страна Бориславец (Брустовец). Длабнатината (циркот) во кој се наоѓа Црното Езер на север е ограничена од врвот Бориславец, на запад и југозапад од гребенот на висорамнината и врвот Рудока, од исток со еден гребен кој е висок 2.540 метри, а јужната страна е карпеста и безводна. На јужната страна Црното Езеро е заградено со моренски бедем висок околу 6 метри.[3] До езерото може да се стигне по добро обележана планинарска патека која започнува од селото Ѓурѓевиште и продолжува кон врвот Рудока. ОдликиЦрното Езеро зафаќа површина од 33.520 м².[5] Долго е 248, а широко 185 со обем односно должина на бреговите од 825 метри. Длабоко е колку и Боговињското Езеро- 2,20 метри.[3] Се наоѓа на карпест басен со лесно достапни брегови, со мирни линии, со исклучок на северниот дел. Бреговите се ниски со исклучок на северниот брег каде се појавува стрмен отсек на кој има извор со вода и едно мало полуострово во вид на клин долго 40 метри.[3] На западниот дел се наоѓа една височинка на која е доградено бачило, па поради тоа езерото е изложено на таложење на животинскиот измет поради што, овој дел од езерото до неодеамна бил нечист и каллив. Голем дел на плитоците се уништени и обраснати со шамак и други растенија.[6] Во близина на езерото се забележуваат траги на затрупано езерце, низ чиј талог сега тече поток кој се влева во езерото. Мерења во 2020 г.Пред прогласувањето на новиот национален парк „Шар Планина“, во извршената студија за валоризација на паркот се дадени мерењата дека езерото има површина од 34.820 м2, длабоко е 2,2 метри, долго е 320 метри, широко е 238 метри и средна широчина од 108,6 метри. Должината на бреговата линија изнесува 969 метри и има коефициент на разгранетост од 1,47.[2] ВодаЕзерската вода е бистра со затвореносина боја.[3] Поради поголемата длабочината и каменесто дно од далеку езерото има потемна (црна) боја, заради што е и наречено Црно Езеро за разлика од поплиткото Бело Езеро со тињесто дно. Вода добива од крајбрежните извори и од врнежи и топење на снегот,[2] а ја губи со испарување и преку истоката наречена Матени (Матене) што се влева во реката Маздрача.[3][2] Во минатото езерото било подлабоко, но со продлабочување на истоката од страна на жителите на селото Калиште, со цел да зафатат повеќе вода за наводнување, нивото на Црното Езеро, слично како Боговинското Езеро е снижено, а длабочината намалена.[3] Поради сите овие одлики, ова езеро има голем туристички потенцијал.[7] Галерија
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia