Долно Доброшко Езеро
Езерото се наоѓа во сливното подрачје на реката Габровица на надморска височина од 2.263 метри. Карактеристично е по својот кружен облик.[2] Заедно со Горното Доброшко Езеро ги сочинуваат Доброшките Езера. Од него е оддалечено само 200 метри југоисточно. ОдликиИмето го добиле по селото Доброште, кое се наоѓа веднаш под нив на самото подножје на планината.[3] Се наоѓа на 2.400 m надморска висина на една зарамнета полјана која е заградена во подножјето помеѓу врвовите Доброшки Врв, Езерски Врв и Езерска Чука. Долго е 55, а широко е 77 метри, додека вкупната должина на неговите брегови изнесува 225 метри.[4] Длабоко е само половина метар. Има површина од 3.760 м².[5] Всушност ова езеро претставува своевиден завир - односно заезерување на водите од неколку потоци и извори кои се слеваат на најниската точка на ова мало зарамнување полјана/висорамнина помеѓу трите околни стрмни врвови. Дното на езерото е рамно и песокливо, делумно со плочест нанос. Создадено е од атмосферските наноси, но во него се влеваат и неколку помали поточиња од потокот Езерска Река кој извира над Горното Доброшко Езеро се влева во него, па повторно истекува и се влева во Долното Доброшко Езеро од каде истекува и се влева во реката Габровница. Сепак, во сушни години, кон средината на летото при многу високи температури речиси пресушува.[6] Се одликува со многу бистра и студена вода, чија проѕирност се должи на протечноста на водата која се влева и истекува од него како и од многу малата длабочина со песокливо дно. До езерото нема обележана планинарска патека, но под него има бачило до кое води добро разгазен коњски и пешачки пат. Недалеку, на ливадата веднаш до Горното Езеро, се поставуваат шаторите од кампот за првото ноќевање на Западната македонска планинарска трансверзала „Љуботен - Охрид“, а поради зарамнетоста на теренот и изобилството од вода бреговите околу Долното Доброшко Езеро се исто така многу поволно место за кампување. Мерења во 2020 г.Пред прогласувањето на новиот национален парк „Шар Планина“, во извршената студија за валоризација на паркот се дадени мерењата дека езерото има површина од 3.674 м2, длабоко е 0,5 метри, долго е 90,4 метри, широко е 72,9 метри. Езерската вода се храни со топењето на околните ледници и неколкуте околни мали извори, додека се празни со Езерска Река.[2] Галерија
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia