Википедија:КАДД
Проектот КАДД има за цел да помогне во подобрување на постоечките и создавање на нови статии на Википедија на македонски јазик од страна на учениците во Гимназија „Добри Даскалов“ - Кавадарци, со цел работата на учениците подобро да се организираа и координира. Во извршување на предвидените активности може да се вклучат и останатите википедијанци. Проектот треба да опфати категоризација, надополнување и презентација на темите кои ги обработуваат учениците. Страницата на проектот и соодветните потстраници содржат основни принципи кои би требало да помогнат во насочување на работата. Ако сте заинтересирани да се вклучите во овој проект, слободно дадете ги своите коментари на страницата за разговор на овој проект, станете активен член на проектниот тим или едноставно дадете свој придонес во уредувањето на статиите.
ЦелиРаботата на учесниците во овој проект ќе биде фокусирана на:
Пријавени членовиВо продолжение следи список на Википедијанци учесници во овој проект. Ако сте заинтересирани за учество во проектот, слободно придружете се и станете дел од тимот. На вашата корисничка страница можете да додадете предлошка дека сте член на проектниот тим: {{Корисник КАДД}}.
Фази на проектот
Првата фаза на проектот опфаќа дефинирање на списоци на статии кои ќе бидат предмет на обработка и избор на статии за обработка на секој учесник во проектот поединечно. Се предлага соработка на повеќе учесници на една статија согласно со принципите на Википедија. Втората фаза на проектот опфаќа обработка на статиите, нивно оценување и предлагање за добри односно избрани статии. Рокот за завршување на обврските на учениците е крај на март 2013 година. Кон средината на месец март, од списокот на новосоздадени статии во рамките на училишниот вики-проект, групата консензуално избира најдобра статија, избира ученик кој дал најголем придонес во уредувањето на статиите, избира ученик кој бил најколаборативен во групата и општо на википедија. Изборот се прави на оваа вики-страница. Во уредувањето на статиите и изборот може да учествуваат и други википедијанци, кои не се членови на вики-проектот. Како можете да помогнете?Вклучете се во било која од фазите и дадете свој придонес во уредувањето на статиите. Секој може да се вклучи во било која фаза од проектот. Може да се работи и паралелно во било која фаза од проектот со произволен број на учесници. Вашето учество е добредојдено и драгоцено, без разлика од кој квалитет и интензитет ќе биде. Избор на најдобра статијаПодолу може да номинирате статија за избор на најдобра во рамките на проектот. Останатите членови од викизаедницата, вклучително и членовите на проектот, ќе имаат можност да ја оценат номинираната статија. За најдобра статија на проектот ќе се избере статијата која ги задоволува стандардите на википедија. Најдобрата статија треба да претставува пример за најдобра работа на проектот, да содржи професионални стандарди на пишување и презентација, да се придржува до сите правила кои важат општо за сите статии на Википедија, како и:
Номинирани статииПредлошкиСледниве предлошки ќе се користат:
|
Portal di Ensiklopedia Dunia