Википедија:Во вашето училиште
„Википедија во вашето училиште“ е проект кој има за цел да овозможи поголема свесност за проектите на Викимедија во училиштата. Доколку сте наставник во некое училиште кој смета дека википедија е корисен извор за спроведување на вашиот наставен план слободно вклучете се во проектот. Доколку сте википедијанец кој сака да помогне во одржување на обука за училиштата слободно вклучете се во проектот. Викимедија Македонија исто така има свои активности кои имаат за цел одржување на презентации и размена на досегашните искуства во поглед на вклучувањето на учениците во проектот, како и кратки предавања за техниката на уредување на статиите, нивната категоризација и други особености на Википедија. Сите заинтересирани со вклучување во проектот ги споделуваат своите искуства и дефинираат заеднички цели. Постојат повеќе форми на соработка:
На оваа страница ќе дознаете како наставниците ширум Македонија ја користат Википедија во образовниот процес. Учениците ја подобруваат Википедија со содржини од наставните предмети кои ги изучуваат, со помош на нивните наставници и со online помош на активните википедијанци. mk-edu Активности
Соработка со училиштаВики проектВики проектите се понапредна форма на соработка со училиштата, преку кои одредена група на ученици се фокусира на подобрување на содржините на википедија и останатите Викимедија проекти кои се во фокусот на нивниот интерес. Најчесто вики-проектите се раководени од наставник-ментор од училиштето кој ја координира работата на учениците, задава теми на секој ученик поединечно и врши оценка на неговата работа. Во групата е пожелно да има еден или повеќе ученици кои веќе имаат познавања во уредување на википедија како би можело останатите ученици во групата следејќи го нивниот пример, полесно да завладеат со вештините на уредување. На Википедија на македонски јазик постојат мноштво вики проекти, а некои од нив се и проекти во кои активно учество земале и ученици во некои од училиштата со кои Викимедија Македонија има остварено соработка. Следниве училишта се вклучени во подобрување на содржините на Википедија преку координирање на својата работа на посебна страница, вики-проект, преку која ја координираат својата работа:
Вики секцијаВики секциите се формираат на ниво на училиште. Училиштето обезбедува просторија каде се одвиваат активностите во рамките на секцијата. Секциите се раководени од наставниот кадар во училиштето. Членовите на вики секцијата соработуваат меѓу себе и остваруваат соработка со вики секциите од другите училишта во форма на размена на искуства, работа на заеднички проекти, учество на натпревари и сл. Следниве училишта имаат формирано вики-секција во своето училиште:
Подобрување на училишната вики-страницаСледниве училишта пројавиле интерес за вклучување во подобрувањето на содржините на Википедија, преку подобрување на вики-страницата на своето училиште:
Избор на најактивни![]() Комисија за изборКомисијата за избор на најактивни училишни викисекции, ученици и наставници за учебната 2012/2013 година има за цел да ја разгледа работата на училиштата, наставниците и учениците во рамките на проектот, да ги разгледа пристигнатите номинации и да направи избор на најактивни/највредни учесници во следниве категории: училишна викисекција, ученик и наставник. Комисијата за учебната 2012/2013 година е составена од тројца членови: проф д-р Димитар Трајанов декан на ФИНКИ, Димче Грозданоски претседател на Викимедија Македонија и Борис Попов, професор по информатика во СУГГС „Орце Николов“ - Скопје. Комисијата може да додели прва, втора и трета награда во секоја од предвидените категории. Врачувањето на наградите ќе биде направено јавно на настан кој ќе биде организиран во текот на месец септември 2013 година. Комисијата ги разгледа придонесите на учесниците во проектот и во соработка со наставниците задолжени за поддршка на училишните викисекции направи избор во соодветните категории. Најактивна училишна викисекцијаИзборот се прави врз основа на тоа кое училиште активно пристапило кон формирање на училишната викисекција, продолжило со активности за нејзино одржување кои резултирале со создавање на училиштен википроект преку кој on-line се координира работата на менторите и учениците. Најдобро работата на училишната викисекција може да се оцени преку оценка на училишната вики-проектна страница. Ако истата е содржајна и редовно ажурирана од повеќе корисници, тоа е показател дека секцијата е со високо ниво на активност. Согласно гласовите на членовите на жири комисијата првата награда за активност на училишна викисекција доделена е на викисекцијата при СОУ „Ѓорче Петров“ - Прилеп, втората награда доделена е на викисецијата при СГГУГС „Здравко Цветковски“ - Скопје и третата награда доделена е на Микросам Академијата од Прилеп. Најактивен професорИзборот се прави врз основа на тоа кој професор активно пристапил кон формирање на училишната викисекција, продолжил со активности за нејзино одржување кои резултирале со создавање на училиштен википроект преку кој on-line се координира работата на менторите и учениците, ги поттикнал наставниците и учениците активно да се вклучат во работата на викисекцијата и во подобрувањето на содржините на википедија, бил предложен од страна на мнозинството членови на училишната викисекција како најактивен професор. Согласно гласовите на членовите на жири комисијата првата награда за активност доделена е на Билјана Богдановска професор во СГУГГС „Здравко Цветковски“ - Скопје, втората награда доделена е на Билјана Рошкоска професор во СОУ „Ѓорче Петров“ - Прилеп и третата награда доделена е на Наташа Неданоска професор во ОУТУ „Ванчо Питошевски“ - Охрид. Најактивен ученикИзборот се прави врз основа на тоа кој ученик активно учествувал во работата на училишната викисекција, помагал на останатите ученици во совладувањето на вештините за работа со Википедија, создаал мноштво содржајни статии на википедија и/или помогнал во значително подобрување на постоечките статии на Википедија, учествувал во одржувањето на училишната проектна страница, се стекнал со дополнителни привилегии и углед на Википедија препознати и потврдени од страна на постоечката локална викизаедница. Ученикот е предложен од страна на своите ментори и поддржан од своите соученици активни во училишната викисекција и на Википедија. Согласно гласовите на членовите на жири комисијата првата награда за активност доделена е на Благојче Дишоски од СОУ „Ѓорче Петров“ - Прилеп, втората награда доделена е на Игор Костадиноски од Микросам Академија - Прилеп и третата награда доделена е на Даниел Здравески од ОУТУ „Ванчо Питошевски“ - Охрид. Панел дискусијаВо рамките на петтата конференција „ICT Innovations 2013“ на 14 септември ќе се одржи панел дискусија „Wikipedia education program in Macedonia“. Учесници во дискусијата ќе бидат професори и ученици од најактивните училишни викисекции. Повеќе инфо: www.ict-act.org Поврзано |
Portal di Ensiklopedia Dunia