Википедија:Почетен курс (ВикиПроекти)
Википедија е енциклопедија која може да се уредува (а содржи и некои теми кои обично се наоѓаат во алманах). Според тоа, статиите треба да се состојат од енциклопедиски информации за важни теми. Што точно претставува важност на Википедија е тема на многу дебати, но малкумина од нас веруваат дека треба да има статии за секое лице на планетата, за секоја компанија која продава било што или за секоја улица во секој град во светот. Но, сепак, постојат братски проекти за некои видови на неенциклопедиски содржини. Секоја статија која само дефинира некој збор или кратка фраза, треба да се најде во типичен речник, а тоа што не може да се прошири во енциклопедиски статија треба да се вклучи во Викиречник братскиот проект. Оригинален изворен текст, како што се книгите објавени во јавна сопственост, треба да бидат oбјавени за да станат попристапни, а за таа цел постои другиот братски проект на Википедија, Викиизвор. Поважните братски проекти се:
Со Википедија, на македонски јазик активни се уште и Викикниги, Викиречник и Викиизвор . Останатите проекти се достапни на англиски јазик (и/или други светски јазици). Следнo: Да научиме за надворешните врски →
|
Portal di Ensiklopedia Dunia