Википедија:Почетен курс (Разговорни страници)
Разговорните страници се клучен елемент на Википедија, бидејќи ја нудат можноста за дискусија за статиите и за други проблеми меѓу википедијанците. Ако сакате да поставите прашање за некоја статија, или имате некоја грижа или коментар, можете да ставите забелешка во делот за разговор на секоја статија. Тоа го правите со кликање на табот „Разговор“ на врвот на страницата. Не грижете се ако врската е во црвена боја; во ред е да ја создадете разговорната страница ако таа веќе не постои. Кога постирате нов коментар, ставајте го на дното на разговорната страница. Исклучок е кога одговарате на забелешките на некој друг, тогаш го ставате Вашиот коменар под нивниот. Можете да го индентирате коментарот преку внесување на две точки (:) на почетокот на редот. Потребно е да ги потпишувате Вашите коментари преку внесување на три тилди ~~~ само за Вашето корисничко име или ~~~~ (четири тилди) за Вашето корисничко име и времето кога е поставен потписот (видете ја подолната дискусија за пример). На овој начин, кога ќе ја зачувате страницата, Вашиот потпис автоматски ќе биде вметнат. Во спротивно, Вашите коментари ќе се појавуваат без Вашето име, Повеќето од нас ги употребуваат временските потписи бидејќи постои копче над рамката за уредување со иконата за потпис Можете да добиете корисничко име преку создавање на сметка (100% слободна постапка). Ако немате сметка, или имате, но не сте логирани, за потпис ќе биде искористена IP адресата на Вашиот компјутер. Кориснички разговорни странициСекој википедијанец има корисничка разговорна страница на која другите википедијанци можат да остават пораки. Ако некој Ви остави порака, ќе добиете ознака која вели „Имате нови пораки“, со врска до Вашата корисничка страница. Можете да одговорите на било кој од двата начини. Еден е да ставите порака на разговорната страница на корисникот на кој му реплицирате. Друг начин е да одговорите на сопствената разговорна страница под оригиналната порака. И двата начина се чести на Википедија; сепак, бидете свесни дека со одговарањето на сопствената разговорна страница го носите ризикот дека Вашата реплика нема да биде видена ако другиот корисник повторно не ја отвори Вашата разговорна страница. Ако го одберете овој пристап, добра идеја е да ставите забелешка на врвот на разговорната страница за луѓето да ја набљудуват страницата. Јас сум: Александар Трпеноски Администратор на бесплатниот интернет клуб на МИОА од Охрид Јас сум Горан Стојаноски Администратор на бесплатниот интернет клуб на МИОА од Прилеп -Prilepnet (разговор) 19:31, 11 мај 2013 (CEST) ИндентацијаИндентирањето значајно го подобрува изгледот на една дискусија, правејќи ја полесна за читање. Стандардна пракса е да ја индентирате Вашата реплика едно ниво подлабоко од онаа на личноста на која реплицирате. Постојат неколку начини на индентација на Википедија: Обични индентацииНаједноставниот начин за индентирање на текст е преку ставање на две точки (:) на почетокот на редот. Колку повеќе две точки ставате, толку подлабоко ќе биде поместен текстот. Новиот ред (притискање на Enter или Return) го означува крајот на индентираниот параграф. На пример:
се прикажува како:
ПодточкиИсто така можете да вршите индентација со подточки, обично употребени за листи. За да внесете подточка, употребете ѕвезда(*). Слично на индентацијата, повеќе ѕвезди пред еден параграф значи поголема индентација. Краток пример:
се прикажува како:
Листа со броевиМожете да создадете и нумерирани листи. За ова, употребете го симболот за број, или тараба(#). Ова најчесто се употребува за анкети и за гласања. Повторно, можете да влијаете на индентацијата преку бројот на # симболи што ќе го употребите. Пример:
се прикажува како:
Пример дискусијаЕве еден пример на добро форматирана дискусија: Здраво! Јас имам прашање за оваа статија. Прилично сум сигурен дека портокаловите слонови живеат само во Скопје! Мислам дека тоа е општо познат факт. СтојанчеМајсторот 17:18, 22 јуни 2008 (UTC)
Луѓе, вие сте премногу сериозни за слоновите. јас повеќе сакам пајаци
Ако сакате да вклучите листа во Вашите коментари треба да додадете две точки пред секој елемент од листата, на пример:
Исто така, потпишувањето на Вашата порака се врши преку:
Обично треба да се потпишувате и со име и со датум, но гласовите често се потпишани само со име. ЕкспериментЕксперимент! Овoј пат, наместо уредување во песок, оставете порака на разговорната страница. Запомнете да го потпишете Вашето корисничко име. Можете да се обидете и да одговорите на постот на некој друг. Треба да го употребите копчето „Прегледај“ за да видите дали Ви успеало форматирањето пред да зачувате. Испробајте тест дискусија на разговорната страница.
Продолжете го курсот со работи кои треба да ги имате на ум→
|
Portal di Ensiklopedia Dunia