Винер Анакона
Винер Ендру Анакона Гомес (шпански: Winner Andrew Anacona Gomez; р. 11 август 1988) — колумбиски професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Мовистар Тим.[1] КариераЈа воодушевил екипата по второто место на Џиробио 2011, мало издание на Џиро д’Италија за млади возачи.[2] Екипата потпишала со него за 2012 и 2013 година. Во декември 2012 година, Анакона се повредил при тренинг, откако удрил во куче.[2] На планинската завршница на деветтата етапа на Вуелта а Еспања 2014, Анакона скоро да ја преземал водечката маичка завршувајќи сам на целта за прва етапна победа на некој Гранд Тур. Нападнал од бегство на 31 возач и го пропуштил водството во генералниот пласман за 9 секунди.[3] Во 2015 година, Анакона ќе вози за Мовистар со двегодишен договор.[4] Бил именуван во почетниот состав за Тур де Франс 2015.[5] Достигнувања
Распоред на резултатите на големите трки
СО = се откажал; — = не учествувал Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia