Виолета Танчева-Златева
Виолета Танчева-Златева (Бориево, 25 април 1968) — македонска поетеса, раскажувачка, лекторка. ЖивотописВиолета Танчева-Златева е родена на 25 април 1968 година, во с. Бориево, Струмица. Основното образование го завршила во родното место и во соседното с. Турново, а средното образование во гимназијата „Јане Сандански“ во Струмица. Во 1991 година дипломирала на Филолошкиот факултет во Скопје, на групата Југословенска книжевност со македонски јазик.[1] Од 1994 до 2013 година работела во ТНИД „Ѓурѓа“, Скопје, во почетокот како уредник на списанијата „Допри ме нежно“ и „World Press ИЗБОР“, подоцна како главен и одговорен уредник на издавачката дејност, одговорен уредник и лектор. Од октомври 2013 година работи како лекторка во Издавачки центар ТРИ во Скопје. Член е на Друштвото на писателите на Македонија од 2000 година, како и на Здружението на лекторите на РМ. Била член на Редакцијата на списанието за книжевност и култура АКТ и на списанието „Стожер“, гласило на Друштвото на писатели на Македонија. Член е на Управниот одбор на Друштвото на писателите на Македонија. Библиографија
НаградиДобитник е на четири награди (две втори и две трети) на анонимниот конкурс за краток расказ на „Андриќеви денови на културата“ во Травник во 80-тите години; прва награда за проза на анонимниот конкурс на Независни изданија „Ѓурѓа“ за „Книга за сонот“, 1992; наградата „Браќа Миладиновци“ за најдобра поетска книга објавена меѓу две фестивалски изданија на Струшките вечери на поезијата, во 2015 година, за стихозбирката „Година без лето“. За книгата „Патот“ ја доби наградата „Ацо Шопов“ на Друштвото на писателите на Македонија за најдобра поетска книга објавена во 2018 година. Во 2022 година за поетскиот ракопис „Глуво време“ ја доби наградата „Антев златник“ на Meѓународната поетско-културна манифестација „Анте Поповски - Антево перо“. Во 2024 година ја доби наградата за поезија „Книжевен круг“ од Битолски книжевен круг. Застапена е во повеќе прозни и поетски антологии, во Македонија, Србија, Словенија и Бугарија. Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia