Владимир Брчков
Владимир Брчков (роден на 29 декември 1989 во Велес) — македонски поранешен кошаркар и репрезентативец кој настапувал за Борец Баскет. Тој иако е роден во Велес, тој е израснат во Бузалково, од каде е и неговото семејство. Професионална кариераСвојата професионална кариера ја започнал во 2005 година во кошаркарскиот клуб Ангели од Велес, кој тогаш се натпреварувал во Втората македонска кошаркарска лига. Сезоната сезона 2006/07, продолжил во истиот клуб, овој пат под името Ангели Леов. Брчков со екипата поради добриот пласман во Втората лига, добил право да учествува во т.н. „Прва Б лига“, односно да се натпреварува против екипите од долниот дел на табелата од Првата лига за пласман во најсилната лига за следната сезона. Притоа Владимир Брчков во 2007 година го добил признанието „Најдобар кошаркар младинец за 2006 година“ од страна на Општината Велес.[1] За сезоната 2007/08, Брчков потпишал за прволигашот Фершпед Работнички.[2] За сезоната 2008/09, настапувал во Торус, задржувајќи се една сезона.[3] Следната сезона потпишал за Фени Индустри. Таа сезона, заедно со Фени ја освоил двојната круна во Македонија и повторно стигнувајќи до полуфиналето во БИБЛ. Сезоната 2010/11 исто така била успешна за него, кога повторно со Фени ја освоил Лигата и за првпат станал освојувач на Балканската лига. За сезоната 2011/12, со Фени Индустри бил вицепрвак во Лигата и Купот на Македонија, губејќи двапати од МЗТ Аеродром. Сезоната 2012/13, со Фени стигнал полуфиналето во Лигата и до четвртфиналето во Купот. За следната сезона повторно потпишал за Работнички,[4][5] со кој стигнал до финалето во Првенството, притоа повредувајќи го рамото за време на финалните пресметки со МЗТ Аеродром.[6] За сезоната 2014/2015, се преселил во Кожув,[7][8][9] стигнувајќи до финалето на Купот на Македонија и до полуфиналето на Балканската лига.[10][11] За сезоната 2015/16, тој ја продолжил соработката со Кожув.[12][13] За сезоната 2016/17, Брчков се преместил во редовите на КК Струмица.[14][15] Во септември 2017, Брчков се преселил во албанска КК Тирана.[16] Со Тирана Брчков го освоил Купот на Албанија 2018.[17] Подоцна го освоил и албанското Првенство.[18] Во декември 2019 година, по пауза од година и пол неиграње активна кошарка, Брчков потпишал за Борец Баскет.[19] Во следната сезона, тој продолжил да настапува за велешкиот клуб.[20] Репрезентативна кариераБрчков во 2005 година бил составот на кошаркарката селекција до 16 години. Настапувал и за репрезентација до 20 години, односно учествувал на Европското првенство 2008 - Б Дивизија во Романија и на Европското првенство 2009 - Б Дивизија во Скопје. Тој учествувал на Европското првенство 2013 во Словенија, кога Репрезентацијата го освоила 21. место.[21][22] Квалификациите за Евробаскетот 2015 започнале со помладена репрезентација во која учествувал и Брчков,[23] воедно обезбедувајќи пласман за континенталното првенство.[24][25] За време на завршниот турнир 2015 во Загреб - Хрватска, Брчков одиграл три напревари каде имал мала минутажа од вкупно осум минути и немал постигнато бодови.[26] Успеси
Наводи
Надворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia