Владо Ѓорески
Владо Ѓорески – Рафик (р. 21 април 1958 во Битола) — македонски и словенечки графичар, сликар, сценограф, историчар на уметноста, ликовен критичар, дизајнер на театарски плакати. Гимназија завршил во Битола, а дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје на одделот за Историја на уметност во 1981 година. Студирал на Меѓународниот центар за графички уметности во Љубљана, Словенија.[1][2],[3][4][5] Во 1980 година почнува да волонтира, а во 1981 година се вработува како сликар изведувач во Народен театар (Битола). Во 1982 година станува кустос по современа уметност во Заводот, музеј и галерија во Битола. Својата прва самостојна изложба ја имал во 1981 година и оттогаш постојано изложува како самостојно, така и колективно, во земјава и во странство. На полето на ликовната критика е присутен пред сè во делот на графиката, не запоставувајќи ги и сликарството и вајарството,. Неговата уметничка афирмација се реализира и во меѓународни рамки како член на меѓународни жирија, селектор за повеќе ликовни центри во странство и стручни консултацијии:член е на Меѓународното жири на Графичкото биенале во Варна, Бугарија.[6] член на Меѓународното жири на Светската галерија на цртежи во Скопје, Република Македонија.[7], член на меѓународни жирија во Србија, Црна Гора, Словенија, Италија... Бил селектор на автори на македонски графичари на на Графичкото триенале во Шамалиер (Chamalières), Франција.[8] Исто така на ова триенале тој претставува и уметници од други земји.[9], на проектот - „Огледало- лице в лице “ во Виченца (покраина) и Венеција во Италија[10],[11] Канада низ 7 универзитетски центри.Стручна консултација и учество во организирање на 2 то Меѓународно биенале на графиката, Чачак, Србија, Екс- Либрис, Русе, Бугарија, Клуж-Напока, Романија, Фире Арт-Солун и Атина, Грција ААмА, Кина[12]... Исто така во областа на театарската уметност, има реализирано над 110 театарски сцениграфии по повее театарски центри во Македонија и странство.[13] РаботаВладо Ѓорески е уметнички директор на Меѓународно графичко триенале Битола, Република Македонија [14],[15][16] како и уметнички директор на Меѓународно биенале на минијатурни графики и цртежи Битола ИБМБ-Битола Творештво„Владо Ѓорески е графички творец со исклучителен графички опус. Тој, подолго време создава во графички циклуси, комбинирајќи ги традиционалните графички техники со специфични графички постапки, вклучувајќи ги и со современиот графичи изрази и технологии. Со таа негова разновидност, постигнува уникатност и исклучителна ликовна енергичност и живототворност. Неговите дела се во слава на Графиката (Magnifikat). Toa е воспевање на линијата во сите нејзини пројавни форми, од поентилистички прапочетоци до карактерно најразновидни линиски системи и универзуми. Всушност, линијата му е темелно изразно средство, со која црта, раскажува, се исповеда, размислува и истражува низ нејзините нови и нови пројавни форми, преку кои стигнува до уметнички сериозни влогови и откритија со специфичен колорит. Тоа се моќни, интензивни и симболични дела. Во корелација со црната линиска структура, се претвораат во хармонична и компактна целина. Во класичните теники, создава диптиси кои се своевидна ликовна алузија на словенечкиот и германскиот експресионизам од пред Втората светска војна, со одредени постмодернистички асоцијации на поранешната доцно - средновековна уметнича апокалипса ( Јероним Бос, Питер Бројгел Постариот) целосно одразуваји го времето во кое живееме“... - Анамарија Стибиљ Шајн, - каталог : XII Likovni dnevi, Žužemberk, Словенија[17]. Сликарство и графикаГалеријаКако сликар и графичар имал над дваесет самостојни изложби, а учествувал и на над двесте колективни изложби во земјава и странство: Словенија[18],[19],[20], Хрватска[21], Франција[22], Англија[23], Италија[24], Мексико[25], Полска - Графичко триенале Краков - Келце[26],[27], Биенале на минијатурна графика во Лоѓ[28],[29], Русија[30], Јапонија[31], Молдавија[32], Унгарија[33], Австралија[34], Турција[35], Бразил[36], Аргентина[37], Србија[38], Ерменија[39], Романија[40]... Втора меѓународна изложба „Мал графички формат 13х18 – Дигитална дијалог-работилница“, 2014/2015, Коњских, Радомиу, Келце, Буску-Здроју, Полска[41]; Музеј на графиката, Пиза (со Паоло Чампини) (Pisa, Museo de la grafica, Italy, et Paolo Ciampini)[42]; 9 Светско триенале на графика, 2014, Шамалиер, Франција (9 Trienniale Mondiale de petit format Chamalières, France, 2014)[43];Трибина на графиката, 2014, Музеј на уметноста Клуж (Tribuna Graphic, 2014, Museum of Art Cluj) [44]; Оган, вода, земја, 2014, Шумен , Бугарија [45]; Оган, вода, земја, 2013, Гурен, Франција [46]; Седмо меѓународно графичко триенале Битола, 2012[47]; Меѓународни уметнички проекти, 2012, Шумен, Бугарија[48]; Шесто меѓународно графичко триенале Битола, 2009[49]; Светска галерија на уметност на хартија - Остен, 2009 [50]; Четврто меѓународно графичко триенале Битола, 2003 (група Сибелиус)[51]; Второ меѓународно биенале на мала графика, 2003, Тетово (група Сибелиус)[52]; Самостојна изложба, Прилеп, 2002, 37 МТФ „Војдан Чернодрински“[53]; Самостојна изложба, Скопје, 2001, Млад отворен театар; Ла Белон, Брисел, 2000 (La Bellone, Bruxelles, 2000); Графичка уметност, Дебрецин , 2000 (Grafikusmuveszek, Debrecen, Hungary, 2000); Графичко биенале, Сеул , 2000 (Print Biennial, Seul, 2000, 12); Трето меѓународно графичко триенале Битола, 2000 (група Сибелиус)[54];Трето меѓународно графичко триенале Битола, 2000 (Владо – Миса на ангелите)[55]; Балканска изложба на графика, Суботица и Нови Сад , 1999[56]; Норвешко меѓународно графичко триенале, Фредерикстад, 1997 (Norwegian international print triennale, Fredrikstad,1997); Самостојна изложба, Битола, 1981[57]. СценографијаГалеријаВладо Ѓорески долги години е присутен на театарската сцена и за неговите сценографии има добиено бројни награди и позитивни критики.[58][59][60][61]. Неговите сценографии се присутни во многу театарски куќи како во земјава така и во странство: Драмски театар Скопје- Хамлет (1997 и 2012)[62][63]; Јона Даб [64]; Сите лица на Петре М. Андреевски [65]; Архелаос или Еврипид се враќа дома [66];Турски театар Скопје-Ромео и Јулија [67]; Гилгамеш [68]; Тартиф [69]; И јас сум Орхан [70]; Македонски народен театар-Делириум за двајца[71]; Животот е сон [72]; Народен театар Струмица-Досие Стриндберг [73]; Последниот ден на Крсте Петков Мисирков[74]; Народен театар Прилеп -Роберто Зуко[75];Полковникот птица; Жена за полковникот [76]; Светилник [77]; Крпен живот[78]; Народен театар Битола -Браќата Карамазови [79]; Мајсторот и Маргарита [61] ; Подземна република[80]; Бегалка; Домот на Бернарда Алба; Notre femme de Paris[81];Родопски драмски театар „Николај Хајтов“ (Родопски драматичен театър „Николай Хайтов“), Смолен , М м е... кој прв почна; Градски театар „Марин Држиќ “ (Gradsko kazalište Marina Držića), Дубровник , Браќата Карамазови [82] Ликовна критикаОбјавил бројни критички осврти, есеи, прикази и предговори за каталози како и историски прегледи особено за уметноста во Македонија. Особено се истакнуваат неговите прилози за:Агата Герчен (Agatha Gertchen), Полска[83][84][85]; Миодраг Дадо Ѓуриќ - Душан Џамоња[86]; Леонардо Готлиб (Leonardo Gotleyb), Аргентина [87]; Марк Фризинг (Marc Frising), Белгија[88][89]; Морис Пастернак (Maurice Pasternak), Белгија[90]; Паоло Чампини (Paolo Ciampini), Италија[91]; Слободан Јевтиќ (Slobodan Jevtic), Франција[92]; Валерија Бертесина (Valeria Bertesina)[93]; Виктор Ернандес Кастило, (Victor Manuel Hernandez Castillo)[94]. Дизајн на театарски плакатиВладо Ѓорески е автор на голем број театарски плакати за кои добивал и бројни награди. Меѓу другите ги изработил плакатите за следниве театарски претстави: „Мајсторот и Маргарита“-Михаил Булгаков, Народен театар Битола; „Опера за три гроша“ - Бертолт Брехт , Народен театар Прилеп; „Дон Кихот“ – Сервантес, Народен театар Штип; „Полицајци“ - Славомир Мрожек , Народен театар Охрид; „Браќа Карамазови“ – Достоевски, Градски театар „Марин Држиќ“ Дубровник, Хрватска;„М м е... кој прв почна“ - Дејан Дуковски, Родопски театар Смолен, Р. Бугарија, итн. Оригинални проекти
НаградиДобитник е на повеќе од дваесет национални и меѓународни награди за ликовни достигања: Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ Прилеп, 2012 – Награда за најдобар рекламен материјал за претставата „Полицаци“ (Охридски театар) [101]; Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ Прилеп; 2011 – Награда за најдобар рекламен материјал за претставата „Хамлет“ (Драмски театар Скопје) [102]; Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ Прилеп; 2010 – Награда за најдобар рекламен материјал за претставата „Браќа Карамазови“ (Народен театар Битола) [103]; Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ Прилеп, 2009 – Награда за најдобар рекламен материјал за претставата „Последниот ден на Мисирков“ (Народен театар „Антон Панов“ - Струмица) [104]; Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ Прилеп, 2008 – Награда за најдобар рекламен материјал за претставата „Бегалка“ (Народен театар Штип) [105]; Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ Прилеп, 2008 – Награда за најдобра сценографија во претставата „Бегалка“ (Народен театар Штип) [105]; Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ Прилеп, 2007 – Награда за најдобар рекламен материјал за претставата „Тартиф“ (Народен театар Штип) [106]; Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ Прилеп, 2006 – Награда за сценографија во претставата „Роберто Зуко“ (Народен театар „Војдан Чернодрински“ - Прилеп)[107]; Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ Прилеп, 2003 – Награда за најдобар рекламен материјал за претставата „На дното“, (Народен театар Битола)[108]; Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ Прилеп, 1998 – Награда за сценографија во претставата „Полковникот птица“ (Народен театар Прилеп)[109]; Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ Прилеп, 1998 – Награда за најдобар рекламен материјал во претставата „Полковникот птица“ (Народен театар Прилеп)[109]; Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ Прилеп, 1996 – Награда за сценографија во претставата „Мајсторот и Маргарита“ (Народен театар Битола)[109]; Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ Прилеп, 1994 – Награда за сценографија во претставата „Notre femme de Paris“ (Народен театар Битола)[109]; Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ Прилеп, 1991 – Награда за сценографија во претставата „Подземна република“ (Народен театар Битола)[109]; Награда - Премија на Биеналето за современа меѓународна графичка уметност, Јаш, Молдавија [110]; Награда - Премија на Меѓународното графичко биенале во Букурешт, Романија[111]... Библиографија
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia