Волчишта (Берско)
Волчишта (познато како В’лчишта, Вулчишта или Волчица; грчки: Λιβάδι, Ливади; до 1953 г. Βούλτιστα, Вултиста[2]) — село во Берско, Егејска Македонија, денес во општината Пидна-Колиндар на округот Пиерија, Грција. Населението брои 235 жители (2011). Географија и местоположбаСелото се наоѓа северозападно од Колиндар, крај самиот пат што води од Либаново за Мелик и Бер, на надморска височина од 195 м.[3] ИсторијаВо Отоманското ЦарствоИако носи македонско (словенско) име, што е случај со повеќето села во ова подрачје, неговото население уште од порано има грчко потекло.[3] Првпат името на селото е документирано во 1761 година во црковни документи од Бер. Кон крајот на XIX век богати Грци ја купиле земјата од Турците, која подоцна била подарена на светогорскиот манастир Григоријат.[4] Во XIX век Волчишта било грчко село во Берската каза на Солунскиот Санџак. Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г., во селото Волчица имало 42 жители, сите Грци.[5] По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Вилчица имало 35 Грци.[6] Во ГрцијаПо Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога броело 103 жители. Нивниот број во 1920 г. се зголемил на 106.[3] Во 1953 година, името на селото било променето во Ливади (Λιβάδι). СтопанствоНаселението произведува жито, а делумно се занимава и со сточарството.[3] НаселениеЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Самоуправа и политикаВо 1966 година, селото станало самостојна општина, а атарот на општината опфаќал површина од 15 квадратни километри.[3] Општината Волчишта била приклучена во општината Колиндар во 1997 година, која била укината во 2011 година и станала дел од поголемата општина Пидна-Колиндар. Селото припаѓа на општинската единица Колиндар со седиште во истоименото село, која припаѓа на поголемата општина Пидна-Колиндар, во округот Пиерија. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Волчишта, во кој е единствено село. Културни и природни знаменитостиЦркви
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia