Втора влада на Никола Груевски
26. влада на Македонија — орган на извршната власт во Република Македонија избран по парламентарните избори одржани на 1 јуни 2008 година. Мандат за создавање на нова влада од Претседателот Бранко Црвенковски доби водачот на ВМРО-ДПМНЕ и дотогашен премиер, Никола Груевски. Новата влада е изгласана во Собранието на Република Македонија на 26 јули. За новата влада гласаа пратениците од коалицијата „За подобра Македонија“, сочинета од ВМРО-ДПМНЕ, СПМ и останатите коалициони партнери. Албански партнер во власта беше ДУИ. Коалицијата СОНЦЕ, предводена од СДСМ, заедно со останатите опозициони партии и ДПА, ја бојкотираа седницата за избор на нова влада.[1] Оваа влада беше реконструирана во јули 2009 година, а нејзиниот мандат траеше до одржувањето на парламентарните избори од 2011 година, на кои повторно победи коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Состав на владатаМинистри во оваа влада се:[2]
Реконструкција на владата од 2009Една година по изборот на Владата, на 11 јули 2009 година, е извршена нејзина реконструкција. При реконструкција на Владата, дотогашниот заменик премиер Зоран Ставрески ја презеде и функцијата министер за финансии на местото на Трајко Славевски. Владимир Пешевски е избран за нов потпретседател на Владата за економија, а Васко Наумовски е избран за нов потпретседател за евроинтеграции на местото на Ивица Боцевски. Љупчо Димовски е избран за нов министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, а Никола Тодоров за нов министер за образование и наука.[3][4]
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia