Габрешки манастир
Габрешки манастир — манастир во северниот дел на Македонија, во селото Габреш. МестоположбаМанастирот се наоѓа во јужниот дел на атарот на селото и до него се стигнува преку асфалтен пат.[1] ГрадбиВо склоп на манастирот влегуваат четири цркви, чешма, конаци, крстилница и помошни објекти.[2] Црква „Св. Петка Долна“Црквата веројатно е изградена на местото на малата срушена селска црква, која била подигната по Првата светска војна.[1] Црква „Св. Петка Горна“Црквата е изградена на едно мало возвишение пред самиот манастир. Црква „Св. Недела“Најновата црква во манастирскиот комплекс. Црква „Покров на Пресвета Богородица“Црквата е сместена во манастирскиот двор, заедно со црквата „Св. Петка Долна“. КонациМанастирот поседува нови конаци. ИсторијаСпоред монографијата на манастирот, истиот постоел уште во XVI век.[3] Изградбата на манастирот започнала на 24 октомври 2004 година од страна на Стоја Велковска, која добила благослов за изградбата на митрополитот Полошко-кумановски г. Кирил. Манастирот бил осветен на 24 април 2009 година од страна на тогашниот митрополит Полошко-кумановски г. Кирил.[4] Галерија
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia