Глигор Соколов Ламев (србизирано: Глигор Соколовиќ ) — деец на македонското револуционерно движење, србоман , учесник во Мелничкото востание на Македонскиот комитет , четник на Македонската револуционерна организација , а подоцна се вклучува во Српскиот комитет на четничката акција .[ 1]
Животопис
Григор е роден околу 1870 година во прилепското село Небрегово . Останал без образование и бил самоук. Станал четник кај Дедо Димо и во 1895 година учествувал во Мелничкото востание на Македонскиот комитет .
Во 1897 година бил четник кај Ст. Павлов во Кратовско , а во 1900 година бил во четата на Мирче Ацев во Прилепско . Во текот на Илинденското востание бил четник во обединетата чета на Сотир Атанасов , Атанас Мурџев , Никола Пушкарев , Крсто Лазаров , Димитар Ганчев и други.
Писмо од Богдан Раденовиќ во кое ја изнесува тешката положба на населението од Кичевската и Прилепската каза, од арнаутските зулуми, и моли да се одобри повторно излегување на четите на Глигор Соколовиќ и Дане Крапче. (27 октомври 1909)
По расправијата со војводата Мурџев заминал за Србија и таму од страна на Милорад Гоќевац бил вклучен во Српскиот комитет на четничката акција [ 2] . По вклучувањето во Српскиот комитет организирал чета составена од разни компромитирани работници на Македонската револуционерна организација .
Во текот на летото 1904 година Боби Стојчев , по барање на Борис Сарафов , му дозволил Григор да има пристап до курирските служби на Македонската револуционерна организација . Григор себеси се претставувал за војвода на чета која била испратена од македонското друштво во Ниш .[ 3]
Григор Соколов ги елиминирал војводите од Македонската револуционерна организација Стефан Димитров , Панчо Константинов , Георги Ацев , а по негова наредба е убиен и војводата Петар Радев - Пашата .
Григор Соколов е убиен на патот од Прилеп за Небрегово во јули 1910 година од турскиот терорист Шериф (или Шукри),[ 4] поврзан со деецот на Македонската револуционерна организација , Петар Ацев .
Неговиот најстар син Андон бил доброволец во српската армија во текот на Првата балканска војна [ 5] . Блаже Конески е внук на Глигор Соколов.
Извори
↑ Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 152.
↑ Кръстю Лазаров, Спомени
↑ Христо Силянов, Освободителните борби на Македония, Том II, стр. 290
↑ Известия на Института за българска литература. Т. 7, 1958, стр. 359.
↑ „Кратка биография“ . Архивирано од изворникот на 2015-11-06. Посетено на 2010-12-20 .