Глигор Брезовски

Глигор Брезовски
Роден 3 септември 1915
Галичник, Кралство Србија
Починал 30 април 1945(1945-04-30) (возр. 29)
Уљаник, Независна Држава Хрватска

Глигор Брезовски (3 септември 1915 во Галичник30 април 1943 во Уљаник) — македонски партизан, учесник во НОВ.[1]

Животопис

Произлегува од селско печалбарско семејство. Завршил основно училиште во родното место. Од 1926 година работел како печалбар во разни места, но најмноrу во Скопје и Белград. Априлските настани го затекнале како митралезец во митралеската чета во Четириесет и седмиот пешадиски полк. По паѓањето на Дебар и капитулацијата на бившата јуrословенска војска, избегал за да не падне во заробеништво. Премрзнат и со отечени нозе едвај стигнал во родното село. Во срединaта на мај 1941 година се префрлил во Белград каде работел со неговиот брат. Таму останал до октомври 1942 година. Како напреден работник материјално ги помагал партизаните. По добивањето на повик за присилна работа, се префрлил одново во Македонија. Во родниот крај и Скопје одржувал врска со движењето на отпорот. На 15 септември 1944 година стапил во Дванаесеттата македонска ударна бригада. Во октомври истата година се префрлил во Шестнаетата македонска ударна бригада, како борец во Втората митралеска чета на вториот баталјон. Активно учествувал во сите борби на својата Бригада за ослободувањето на вардарскиот дел на Македонија. Како дел од Бригадата заминал на Сремскиот фронт и како нишанџија на митралезот „Максим“, храбро загинал на 30 април 1945 година кај селото Уљаник кое се наоѓа во денешна Хрватска.[1]

Поврзано

Наводи

  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 38–39. На |first= му недостасува |last= (help)
Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya