Глигор Ташковиќ
Дипломирал право, општество и информатика на Универзитетот Корнел, САД, во 1987 година, каде во 1991 година и магистрира менаџмент на Факултетот за менаџмент. Од 1994 година до 2006 е директор и извршен потпретседател за односи со влади, финансиери, нафтени компании и со медиумите на меѓународната корпорација АМБО за подрачјето во Вашингтон, Брисел, Скопје, Тирана и Софија во врска со развојот и финансирањето на трансбалканскиот нафтовод, вреден од 1,5 милијарди американски долари. Бил консултант на проекти и на раководни функции за корпоративна стратегија и развој како и за медиумска покриеност во секторот на финансиските услуги, телекомуникации, воздухопловство, осигурување, шпедиција, недвижнини, нафтената индустрија и медицинска опрема.
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia