Сулејман Рушити
Сулејман Рушити (роден на 22 јануари 1972 година во Чајле, Гостиварско) — македонски режисер и политичар. ЖивотописРушити дипломирал режија на Факултетот за драмски уметности во Тирана во 1997 година[1]. Од 1998-2001 бил ангажиран како режисер во Македонска радио-телевизија, а во 2001 и 2002 година бил директор на Театарот на народностите во Скопје. Рушити бил основач и директор на театарот Алтернативе, Скопје во периодот од 1998-2002 година. Во 2002 година бил еден од основачите на културниот магазин Алтернатива, а во текот на 2002-2003 година бил член на одборот на „Про хелветиа“. Посетувал повеќе обуки од областа на управување на институциите од културата во странски образовни институции. Рушити зборува англиски, германски, српски и италијански јазик. Политичка кариераСулејман Рушити во периодот од 28 август 2006 до 27 јули 2008 година ја извршувал функцијата Министер за образование и наука како член на ДПА. По основањето на партијата Нова демократија, Рушити станал нејзин член, за да во 2011 година го најави своето повлекување од политиката[2]. Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia