Горанце (Генерал Јанковиќ)
Горанце (албански: Gorancë) — село во општина Генерал Јанковиќ, Косово, до самата граница со Република Македонија. Географија и местоположбаИсторијаВо XIX век, селото е дел од Тетовска каза на Призренскоит санџак. По Првата балканска војна, станува дел од Кралството Србија, т.е. Јужна Србија. По Втората светска војна, званично останува во рамките на Србија, иако географски припаѓа кон Македонија. НаселениеСтефан Верковиќ во 1857 го бележи со 311 жители.[1] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Горанци живееле 76 жители Македонски христијани и 165 Арнаути муслимани.[2] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Горанце имало 120 Македонски патријаршисти.[3] Според пописот од 1913 година селото има 299 жители и било седиште на истоимената општина.[4] Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 350 Албанци и 100 Македонци.[5]
Според пописот од 2011 година, селото имало 1.028 жители, сите Албанци. Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia