Горан Самарџиев
Горан Самарџиев (роден на 24 мај 1980 во Кавадарци) — македонски кошаркарски тренер и поранешен кошаркар и репрезентативец, кој настапувал за повеќе македонски кошаркарски прволигаши како Фени Индустри, Работнички, Вардар и Лирија. КариераИграчка кариераСамарџиев својата кариера ја започнал во Тиквеш кога бил откриен од спортскиот работник Димитар Пецов.[3] Неговиот талент бил забележан од тогаш моќниот Работнички, па бил донесен во „Градски парк“ во 1999 година. Во Работнички играл сè до 2006, освојувајќи шест Првенства, четири Купа и еден Суперкуп.[4] За сезоната 2006/2007, се преместил во Вардар и го освоил Купот 2007.[5] Во 2007 година, кога Фени покажал амбиции да стане најсилен македонски тим, Самарџиев се вратил дома. Популарниот Шуш погодил тројка во последната секунда од финалето на Купот 2008 година, и на Фени му го донел првиот трофеј во клупската историја. Таа титула во Купот била најава за уште неколку пехари кои кавадаречкиот клуб ги освоил од 2008 до 2011 година. Во таа 2011, Самарџиев во салата „Јасмин“ како капитен го кренал победничкиот пехар и во регионалната БИБЛ лига.[4] Во август 2013 година, Самарџиев потпишал за Лирија од Скопје.[6] Веднаш по завршувањето на сезоната 2013/14, Самарџиев повторно се вратил во матичниот клуб Фени.[7][8] Во август 2016 година, Горан Самарџиев одлучил да ја заврши кариерата како кошаркар.[9][10][11] Тренерска кариераВеднаш по пензионирањето како кошаркар, Самарџиев станал помошник тренер на Фени Индустри како и координатор на младинските екипи на кавадаречкиот клуб.[9][10] Во април 2019, поради заминувањето на Љупчо Малинков како главен тренер на Фени, Самарџиев бил унапреден на таа позиција.[12][13] Самарџиев останал како тренер на Фени и за сезоната 2019/20.[14][15] За сезоната 2020/21, тој ја продолжил соработката со Еуро Никел.[16] УспесиТитули во Првенството
Титули во Купот
Титули во Суперкупот
Титули во БИБЛ
Наводи
Надворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia