Спортска сала Градски Парк
Спортска сала Градски парк ― затворено спортско здание, односно спортска сала што се наоѓа во Скопје, Македонија. Салата има сместивост од околу 1,400 седишта. Салата е во сопственост на Општина Центар и нејзин главен корисник е КК Работнички. Во салата се одржувани кошаркарски и одбојкарски натпревари. МестоположбаСалата се наоѓа северно од Дебар Маало, на источниот почеток на Градскиот Парк. Источно од салата е Националната арена „Филип II Македонски“. ИсторијаСалата била изградена и отворена во 1970 година, за потребите на Светското првенство во кошарка 1970, кога салата била домаќин на т.н. Квалификациска рунда.[3] Во средината на септември 2020 година, било објавено дека главната екипа на КК Работнички нема да настапува во Салата Градски Парк за престојната сезона 2020/21.[4] Поважни настани одржани во салата
Галерија
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia