Грбовите на Македонија (книга)
„Грбовите на Македонија“ — монографија за македонското грбословие од историчарот Александар Матковски, првично издадена во Скопје во 1970 година. Во делото, кое брои 219 страници, се претставени сите историски податоци за грбови на Македонија, од илирските грбовници, почнувајќи од 16 век, па до денес. Матковски ја подготвувал книгата 2 години, а од неговото истражување произлегле и неколку научни статии. [1] Ова дело на Матковски е земено предвид при полемиката за создавање на нов македонски грб со прогласувањето на независноста. Имено, делото е користено како аргумент, бидејќи тоа укажува дека најпригоден симбол за независна Македонија е златно-жолт исправен лав на црвена позадина.[2] Лавот како симбол поврзан со Македонија датира од многу одамна, а за првпат како грб поврзан со Македонија е како грб на Александар Македонски од каде преоѓа во Илирските грбовници со грбовникот на Корениќ-Неориќ од 1595 година. Книгата фототипно била издадена во 1990 година, со што го зголемила интересот за хералдиката во Македонија.[3] Бидејќи немало политички концензус за ова прашање, обидот да се промени грбот на Македонија од социјалистичкиот грб на НРМ односно СРМ, во (историскиот) жолт лав на црвена позадина пропаднал. Само петокраката е отстранета од Грбот на Македонија во 2009. Извадок од делото на МатковскиГоворејќи за грбовникот на Корениќ-Неориќ, тој ќе напише: „Во грбовникот прво се дадени 11 земски грбови, т.е. „belezi zemalja svetih plemena“, а потоа 140 семејни грбови на разни „војводи, жупани, кнезови, катунари, витези, властелини“ и други. Меѓу земските грбови се наоѓа и македонскиот, на стр. VI. Под грбот пишува „Macedoniae“, а над него со лоша кирилица пишува: „цимери македонске земле“ т.е. „грб на македонската земја“. Амблемот е жолт, исправен лав на црвено поле. Над главата на лавот има мала круна. Над штитот има голема круна. Штитот е германски.“ Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia