СоцијализамСоцијализмот е идеологија чие централно залагање е замена на капиталистичкото општество со општество што ќе се одликува со намалување на општествените разлики, со замена на приватната сопственост над средствата за производство со државна и општествена сопственост, со воведување на мерки на економско планирање и со нагласување на економската соработка наместо на економскиот напредок. Од аспект на општественото уредување, социјализмот претставува општествено уредување засновано на средствата за производство и врз распределбата на доходот според принципот: секому според трудот и резултатите на трудот.[1]. Најчесто, социјализмот се сфаќа во значењето што му го дал марксизмот, имено, како преоден период, подготвителна фаза која ќе води кон комунизам. Социјализмот не е хомогена идеологија и постојат повеќе политички правци кои можат да се опфатат со поимот „социјализам“. Во најшироко значење, како социјалисти се класифицираат социјалдемократите, демократските социјалисти, комунистите и анархистите, потесното сфаќање ги склучува анархистите, а според најтесното значење како социјалисти се подразбираат само демократските социјалисти. Во секој случај, разликите помеќу различните социјалисти се толку големи што не може да се зборува за една социјалистичка идеологија, туку само за повеќе социјалистички идеологии. Социјалистичките идеологии меѓу себе се разликуваат речиси по сите прашања кои нивните приврзаници ги сметаат за клучни:
Историја на социјализмотСоцијалистичкото движење во ГерманијаПрвата социјалистичка партија која била доволно силна за да претставува сериозен фактор во германскиот политички живот се појавила во 1875 година, кога со спојувањето на двете социјалистички групи, едната под водство на Фердинанд Ласал, а другата предводена од Бебел и Либкнехт, била основана Социјалдемократската партија. Во тоа време, со донесувањето на Готската програма, Социјалдемократската партија значително ги прифатила ставовите на Ласал, но подоцна, со Ерфуртската програма од 1891 година се приклонила кон марксизмот. Нејзината политичка моќ постојано се зголемувала и во 1914 година таа имала 110 од вкупно 397 пратеници во Рајхстагот.[2] Социјалистичкото движење во БританијаПочетоците на социјалистичкото движење во Британија се поврзани основањето на Демократската Федерација во 1881 година и со Фабијанското Друштво (Fabian Society), основано во 1883 година. На почетокот, Фабијанците држеле предавања, наменети за работничката класа, но и за буржоазијата, но исто така одржувале контакти со влијателни економски, работнички и политички личности, барајќи поддршка за своите ставови. Покрај тоа, Фабијанците имале големо влијание во јавната администрација. Фабијанците биле противници на класната борба и се залагале за темелна, но постепена преобразба на општеството.[3] Социјалистичкото движење во РусијаПрвите марксистички групи во Русија се појавиле во 1883 година, под водство на Георги Плеханов, кој се наметнал како водечка личност во првите две децении по појавата на марксизмот во Русија. Од овие групи, во 1898 година настанала Социјалдемократската партија, која во 1903 година се поделила на две групи - меншевици и болшевици.[4] Теорија на социјализмотВо својот роман „Браќа Карамазови“, рускиот писател Фјодор Достоевски тврди дека „социјализмот не е само работничко прашање... туку, тоа е претежно атеистичко прашање.“[5] Социјализмот како тема во уметноста и во популарната култура
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia