Григориј Перелман
Григориј Јаковлевич Перелман (руски: Григо́рий Я́ковлевич Перельма́н, 13 јуни 1966) — руски математичар. Перелман имал значителни придонеси во римановата геометрија и геометриската топологија. Во 1994 година, Перелман ја докажал теоремата „Душа“ во областа на диференцијалната геометрија. Во 2003 ја докажал (потврдена во 2006) хипотезата на Турстон. Со ова, следствено, била решена и пункаровата хипотеза. Во август 2006, на Перелман му бил доделен филдсовиот медал[1] за „неговите придонеси во геометријата и неговиот револуционерен увид во аналитичката и геометриската структура на протокот на Ричи“, но тој ја одбил наградата изјавувајќи „Јас не сум заинтересиран за пари и слава и не сакам да бидам ставен на излог како животно во зоолошка градина.“[2] На 22 декември 2006 година, научното списание „Наука“, го означило доказот за пункаровата хипотеза на Перелман како научно „достигнување на годината“, прво такво признание во областа на математиката.[3] На 18 март 2010 година, било најавено дека Перелман го постигнал критериумот за добивање на првата награда за милениумски проблем на математичкиот институт Клеј[4] поради решението на пункаровата хипотеза. На 1 јули 2010 година, тој ја одбил наградата во вредност од 1 милион долари, велејќи дека одлуката на одборот на математичкиот институт Клеј не била фер и дека неговото решение на пункаровата хипотеза не било поголемо од она на Ричард Хамилтон, математичарот кој бил пионер на протокот на Ричи со цел решавање на пункаровата хипотеза.[5][5][5][6][6] Перелман исто така ја одбил престижната награда на европското математичко друштво.[7] Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia