Гронау (Лајне)За други истоимени места, погледајте Гронау.
Гронау (германски: Gronau; службено наречен Гронау (Лајне)) — град во округот Хилдесхајм, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа на реката Лајне, околу 15 километри југозападно од Хилдесхајм и 35 километри јужно од Хановер. Градот претставува административно седиште на општинската заедница Лајнско Средногорје. Од 1 ноември 2016 година, поранешните општини Бантелн, Бетелн, Бриген, Дешпетал и Реден се дел од градот Гронау. ГеографијаГронау се наоѓа југозападно од Хилдесхајм помеѓу Лајнското Средногорје на запад и Инерстенското Средногорје на исток. Се наоѓа западно од Хилдесхајмската Шума и североисточно од Зибен Берге. Низ градот тече реката Лајне. Западно од Гронау поминува сојузниот автопат Б3. Градски единициКон градот Гронау припаѓаат самиот град со местата Бантелн, Барфелд, Бетелн, Бриген, Едингхаузен, Ајцум, Хаус Ешерде, Хајнум, Нинштет, Реден и Валенштет. Меѓународни односиЗбратимени градовиГронау е збратимен со следниве градови: Личности
НаводиНадворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia