Ламшпринге
Ламшпринге (германски: Lamspringe) — село и слободна општина во округот Хилдесхајм, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа 20 километри јужно од Хилдесхајм. Од 1 ноември 2016 година, поранешните општини Харбарнзен, Нојхоф, Зелем и Волтерсхаузен се дел од општината Ламшпринге. Сите тие биле дел од поранешната истоимена општинска заедница. До спојувањето на поранешните општини, Ламшпринге поседувала пазарно право и со тоа имала некои одлики на град, но официјално не ги добила градските права. Сепак, била означена како „флекен“ (Flecken), мала населба со локално значење. ГеографијаМестоположбаМестото Ламшпринге се наоѓа на изворот на реката Ламе помеѓу Харплаге на североисток, Хебер на југоисток и Заквалд на запад. Се наоѓа помеѓу градовите Алфелд–Бад Залцдетфурт–Бокенем–Бад Гандерсхајм. Големи градови во близина на Ламшпринге се: Хановер (50 км) и Хилдесхајм (30 км) на север, како и Гетинген (40 км) на југоисток. Друг голем град е Гослар (30 км) на исток. Општински единици
ИсторијаИсториски била позната како седиште на поранешната Опатија Ламшпринге, од која се останати црквата и други градби. НаводиНадворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia