Даре Џамбаз
Божидар (Даре) Џамбаз (1 октомври 1911 во Прилеп — 27 јануари 1981 во Скопје) — македонски фармацевт, борец и државник.[1] ЖивотописДипломирал фармација во Загреб во 1935 година. Веднаш по окупацијата на земјата во 1941 година стапил во НОБ и бил активен борец. Бил уапсен од бугарските власти и интерниран во Бугарија (1942-1943). По Втората светска војна бил член на АСНОМ - на Третото заседание во 1945 година, министер за финансии во владите на Лазар Колишевски од 1946 до 1953 година, како и во Владата на Љупчо Арсов од 1953 година. Бил претседател на РССНМ, претседател на Планинарскиот сојуз на Македонија, а вршел и други општествени и политички раководни функции. Тој е еден од основачите на Републичкиот Црвен крст на Македонија и негов долгогодишен претседател до неговата смрт.[2] Во негова чест, Домот на хуманитарни организации во Скопје и планинарскиот дом на Водно го носат неговото име. Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia