Дарја Домрачева
Дарја Владимировна Домрачева (родена на 3 август 1986 г.) — белоруска биатлонка која се натпреварува во Светскиот куп во биатлон од 2006 година. Таа освоила златен медал на штафетната трка на 4×6 км и сребрен медал во дисциплината масовен старт на Зимските олимписки игри 2018, три златни медали во дисциплините потера, поединечно и масовен старт на Зимските олимписки игри 2014 и бронзен медал на поединечната трка на Зимските олимписки игри 2010.[1] Таа била севкупен победник во Светскиот куп во биатлон во сезоната 2014–15. Покрај олимписките медали, таа има освоено два златни, четири сребрени и еден бронзен медал на Светските првенства во биатлон. КариераДомрачева ја започнала својата кариера во скијачко трчање во 1992 година но се префрлила во биатлон во 1999 година. Таа првично настапувала за Русија на младинско ниво, но добила понуда да настапува за Белорусија во 2004 година.[2] Таа се приклучила на белоруската репрезентација во биатлон во 2006 година. Домрачева била победник во дисциплините потера и спринт на светското јуниорско првенство во 2005 година одржано во Контиолахти, Финска. Таа завршила на 40. место на поединечната трка (ѝ паднал диоптерот, и таа пет пати промашила на третото стрелиште). Домрачева го освоила третото место во потера и четвртото место на поединечната трка на светското јуниорско првенство во 2006 година одржано во Преск Ајл, Мејн, САД. Во 2007 година, таа освоила два сребрени медали на светското јуниорско првенство одржано во Мартело, Италија.[3] На Зимските олимписки игри 2010 во Ванкувер, таа освоила бронзен медал на трката 15 километри поединечно. Подоцна во истата сезона, на 13 март, таа ја забележала својата прва победа на трка од Светскиот куп, во спринт во Контиолахти, Финска. Следниот ден таа победила и во потера. Домрачева била прогласена за белоруска спортистка на годината за 2010 година, и исто така ѝ била доделена титулата почесен масјтор за спорт истата година.[2] Во 2014 година, на Домрачева ѝ бил доделен медалот Херој на Белорусија, откако освоила три златни медали на трките потера, поединечно и масовен старт на Зимските олимписки игри 2014. Во август 2015 година, Домрачева решила да ја прескокне целата натпреварувачка сезона 2015–16 во Светскиот куп, откако и била дијагностицирана мононуклеоза еден месец претходно.[4][5][6] По паузата поради мононуклеозата и бременоста, Домрачева се вратила на трките од Светскиот куп во јануари 2017 година. На Зимските олимписки игри 2018, таа освоила сребрен медал во масовен старт, и бронзен медал во екипната штафета. Нејзин тренер бил поранешниот светски и олимписки медалист, Клаус Зиберт.[7] Светски купДомрачева била севкупен победник во дисциплините потера и масовен старт во сезоната 2011–12 во Светскиот куп. Истата сезона, таа завршила на второто место во севкупниот пласман, заостанувајќи 28 бодови зад Магдалена Нојнер. Во сезоната 2010–11, Домрачева била севкуен победник во масовен старт..[8] Најголем успех во Светскиот куп, Домрачева остварила во сезоната 2014–15, кога ја освоила титулата во светскиот куп со 1092 бодови, 48 бодови повеќе од второпласираната и двократна победничка Кајса Мекерејнен. Истата сезона, таа била севкупен победник во спринт.
РезултатиОлимписки медали6 медали (4 златни, 1 сребрен, 1 бронзен)
Светски првенства
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia