На игрите се одржале 98 настани во 15 зимски спортски дисциплини. Олимписките и Параолимписките игри 2014 биле организирани од Организацискиот комитет Сочи. Сочи бил избран како град-домаќин во јули 2007, во текот на 119. заседание на МОК одржано во Гватемала.[2] Олимпијадата во Сочи била првата Олимпијада во Русија од распадот на СССР, кој бил домаќин на Летните олимписки игри 1980 во Москва.
Настаните од Зимската олимпијада 2014 се одржале на две места во нови објекти; Олимпискиот парк бил изграден во Имерентинската долина на брегот на Црното Море, додека Олимпискиот стадион и другите затворени објекти се наоѓале во близина, додека настаните на отворено се одржувале во Краснаја Полјана. Во подготовката за игрите, организаторите се насочиле на осовременување на телекомуникациите, електричната енергија и сообраќајната инфраструктура на областа. Иако првично се планирале 12 милијарди долари, различни фактори предизвикале буџетот да се зголеми на неверојатни 51 милијарда долари, надминувајќи ги проценетите 44 милијарди трошоци на Летните олимписки игри 2008 во Пекинг како најскапи олимписки игри во историјата.[3]
Организацијата на Зимските олимписки игри 2014 биле вознемирена од неколку големи скандали, вклучувајќи ги обвинувањата за корупција кои довеле до сериозно покачување на трошоците, заедно со загриженоста на политичарите и спортистите за забраната на „пропаганда на нетрадиционални сексуални врски“ на Игрите.
Избор на град-домаќин
Жителите на Сочи ја прославиле одлуката на МОК за одржување на Зимската Олимпијада 2014 во Сочи, 4 јули 2007
До октомври 2013, проценети трошоци на Зимските олимписки игри 2014 достигнале 51 милијарда долари. Оваа вкупна сума е четири пати повеќе отколку првичниот буџет од 12 милијарди долари (споредено со 8 милијарди долари потрошени за Зимските олимписки игри 2010 во Ванкувер), со што игрите во Сочи биле најскапи олимписки игри во историјата, надминувајќи ги проценетите трошоци од 44 милијарди долари на Летните олимписки игри 2008 во Пекинг. Зголемувањето е припишано на квалитетот и условите на работата; Леонид Мартињук и Борис Немцов исто така тврделе дека 30 милијарди долари од буџетот биле проневерени или дадени како мито од Путин.[5][6][7]
Според претседателот и извршниот директор на организацискиот комитет на Олимписките и Параолимписките игри во Сочи 2014, Дмитриј Чернишенко, се дозволува употреба на средства собрание за Сочи 2014 за развојниот период 2009/10 од партнерства и комерцијални програми, одложувајќи ја потребата за државни средства гарантирани од руската влада. Потврдил дека организацискиот комитет собрал повеќе од 500 милиони долари од маркетинг во првите пет месеци од 2009.[9]
Руската влада обезбедила скоро 327 милијарди рубљи (околу 10 милијарди долари) за вкупниот развој, проширување и одржување на Игрите. 192 милијарди рубљи доаѓаат од федералниот буџет, а 7 милијарди рубљи од буџетот на Краснодарскиот крај и од буџетот на Сочи. Организаторите очекувале да имаат суфицит од 300 милиони долари по завршувањето на игрите.[10]
Финансирањето од небуџетски извори (вклучувајќи средства од приватни инвеститори) — распределено по:[11]
Туристичка инфраструктура: 2,6 млрд. долари
Олимписки места: 500 мил. долари
Сообраќајна инфраструктура: 270 мил. долари
Електрично снабдување: 100 мил. долари
Собиралишта
Со просечна температура од 8,3 °C во февруари и влажна суптропска клима, Сочи бил најтоплиот град, кој негогаш бил домаќин на Зимските олимписки игри.[12] Игрите биле 12. олимписки игри по ред кои го забранувале пушењето: сите собиралишта во Сочи, баровите и рестораните во Олимпискиот парк и јавните површини биле забранети области за пушење во текот на игрите.[13]
Крајбрежно подрачје
Олимпискиот парк со сите други собиралишта околу наградниот плочник
Олимпискиот парк во Сочи е изграден покрај брегот на Црното Море во Имеретинската Долина, околу 4 километри од руската граница со Грузија.[14][15] Собиралиштата че бидат сместени околу езерцето Медалс Плаза, со што се овозможува сите затворени објекти да бидат во близина. Нови собиралишта се:[16]
Руские Горки — скијачки скокови, нордиска комбинација (скијачки скокови и скијачко трчање на 2 км околу арената)
Олимписко село Роза Хутор
По Олимпијадата
По Олимпијадата се планира да се организира градска улична трка на Формула 1 околу Олимпискиот парк. Договорот за одржување на Големата награда на Русија бил потпишан на 14 октомври 2010 и важи од 2014 до 2020.[18] Првата трка ќе се одржи по церемонијата на затворање на Игрите, но МОК објавил дека трката ќе биде одложена до 2015, ако изградбата на патеката засмета на подготовките за Олимпијадата 2014.[19]
Игрите
Олимписки пламен
Принцот Алберт II од Монако и претседателот Владимир Путин со олимпискиот пламен во Москва.
На 29 септември 2013, олимпискиот пламен бил запален во Олимпија, започнувајќи го седумдневното патување низ Грција и кон Русија, потоа штафетата започнала во Москва на 7 октомври 2013 пред да помине низ 83 руски градови и да пристигне во Сочи на денот на церемонијата на отворање, 7 февруари 2014.[20] Тоа била најдолга штафета на пламенот во олимписката историја, поминувајќи над 60.000 километри низ сите региони на земјата, од Калининградската Област на западот до Чукотска на истокот, а факелот го носеле олколу 14.000 луѓе.[21]
Вкупно 88 земји обезбедиле учество со најмалку еден спортист.[24][25][26][27][28][29] Бројот на спортисти по дадени земји е прикажан подолу. За првпат на игрите учествувале спортистите од седум земји: Доминика, Малта, Парагвај, Источен Тимор, Того, Тонга и Зимбабве.[30] Кристина Кроне се квалификувала за настап на вторите по ред игри за нејзината нација Порторико, но островскиот олимписки комитет одлучил да не ја испрати повторно како што направиле во 2010.[31] Слично, Јужна Африка одлучила да не го испрати алпскиот скијач Сиве Спелман во Сочи.[32] Алжир исто така не го пратил својот единствен квалификуван спортист Мехди-Селим Келифи.[33]
Земји-учеснички на Зимските олимписки игри (број на квалификувани спортисти)
Спортистите од Индија настапиле под олимпиското знаме. Индија била суспендирана во декември 2012 поради изборниот процес во индиската олимписка асоцијација.[34]
Во следниот календар секоја сина клетка претставува едно или повеќе настани, како што се квалификациите, во даден ден. Жолтите клетки ги претставуваат настани за медали во спортовите и во секоја ќелија е впишан бројот на финалиња предвидени да се одржат тој ден.[36]
Норвежанецот Оле Ејнар Бјорндален победил во спринтот во биатлон и како дел од мешаната штафета на својата земја, со што се изедначил со својот сонародник Бјорн Дели по бројот на освоени златни медали, вкупно 8, и со рекордни 13 освоени медали станал најуспешниот натпреварувач во историјата на Зимските олимписки игри.
Во натпреварите во алпско скијање, најуспешен натпреварувач бил Норвежанецот Кјетил Јансруд, кој освоил злато во супер-велеслалом и бронза во спуст. Меѓу скијачките, најуспешна била Тина Мазе од Словенија, освојувајќи два златни медали, во спуст и во велеслалом.
Полјакот Камил Штох станал третиот ски-скокач во историјата, по Мати Никенен и Симон Аман, кој успеал да победи на малата и на големата скокалница на едни Олимписки игри.
Натпреварувачите во брзо лизгање од Холандија имале апсолутна доминација во овој спорт, освојуваќи 8 златни и вкупно 23 медали во 12 дисциплини. Лизгачите од оваа земја освоиле медал во секоја дисциплина, а дури во четири ги зазеле сите места на победничкиот подиум. Интересно е што спортистите на Холандија, покрај успехот во овој спорт, освоиле уште само еден бронзен медал, а на конечната табела се нашле на петтото место по бројот на освоени медали.
Марит Бјерген вторпат по ред освоила три златни медали во скијачко трчање и повторно била најуспешна спортистка на игрите. Но, овој пат, исто остварување остварила и белоруската биатлонка Дарја Домрачева, која трите златни медали ги освоила во потера, поединечната трка и трката со масовен старт.
Италијанскиот санкач Армин Цегелер освоил бронзен медал во поединечна конкуренција, со што станал првиот спортист кој освоил медал на шест различни Зимски олимписки игри. Најуспешни во натпреварите во овој спорт биле санкачите од Германија, кои ги освоиле златните медали во сите четири дисциплини.
Во скијање на даска, Вик Вајлд од Русија освоил златни медали во дисциплините спореден велеслалом и напореден слалом. Со победата во напореден слалом, тој станал првиот олимписки победник во оваа дисциплина.
Репрезентациите на Канада биле најуспешни во екипните спортови, освојуваќи ги сите четири златни медали, по два во карлинг и хокеј на мраз. На женскиот турнир во хокеј на мраз, канадските репрезентативки во финалето ја победиле репрезентацијата на САД со 3-2, откако во последните пет минути од регуларниот тек на натпреварот надоместиле негатива од 2-0 за да го добијат натпреварот со постигнат златен гол. Хокеарите на Канада, пак, златниот медал го освоиле по победата во финалето против Шведска со 3-0.
Најуспешна нација на игрите била Русија, чии спортисти освоиле најмногу златни (11) и најголем вјупен број медали (29).