Девица (суперјато)За за истоименото галактичко јато, видете Девица (галактичко јато).
Девица или Месно Суперјато — масовна концентрација на галаксии во која спаѓа јатото Девица и Месната Група, која пак ги содржи галаксиите Млечен Пат и Андромеда и разни други. Барем 100 галактички групи и јата се наоѓаат во полупречник од 33 мегапарсеци (110 милиони светлосни години). Суперјатото Девица е едно од околу 10 милиони суперјата во видливата вселена и се наоѓа во суперјатниот комплекс Риби-Кит кој е галактичка нишка. Во 2014 г. е утврдено дека суперјатото Девица е само еден дел од поголемото суперјато Ланијакеја, кое исто така се нарекува Месно Суперјато сосредоточено во Големиот Привлекувач.[2] СтруктураВо неговиот опширен труд од 1982 г. Р. Брент Тали ги претставил заклучоците од неговото истражување за основната структура на Месното Суперјато. Се состои од два дела: забележително зарамнетиот диск во кој се наоѓаат две третини од сјајни галаксии и топчест ореол во кој е останатата третина.[3] Самииот диск е тенок (~1 Мпс) елипсоид со сооднос на долгата и кратката оска од барем 6 на 1, а можеби и 9 на 1.[4] Податоците изанализирани во јуни 2003 г. од петгодишното набњудување им овозможиле на астрономите да го споредат Месното Суперјато со другите суперјата. Месното Суперјато е типично сиромашно суперјато (т.е. нема големогустинско јадро) и прилично мали димензии. Има едно богато галактичко јато во средината, опркужено од нишки од галаксии и сиромашни групи.[1] Месната Група е сместена по крајот на Месното Суперјато во мала нишка која се протега од јатото Печка до јатото Девица.[5] Зафатнината на суперјатото Девица е приближно 7000 пати поголема од онаа на Месната Група или 100 милијарди пати од таа на Млечниот Пат. Распределба на галаксиитеБројната густина на галаксиите во Месното Суперјато опаѓа со квадратот на растојанието од неговото средиште близу јатото Девица, што покажува дека местоположбата на ова јато не е произволна. Општо земено, огромен дел од сјајните галаксии (помалку од апсолутна величина −13) се поврзани во мал број облаци (групи од галактички јата). Од нив, 98 % се сместени во следниве 11 облаци (наведени по надолен редослед по бројот на сјајни галаксии): Ловечки Кучиња, јатото Девица, Девица II (јужен продолжеток), Лав II, Девица III, Пехар (NGC 3672), Лав I, Мал Лав (NGC 2841), Змеј (NGC 5907), Пумпа (NGC 2997) и NGC 5643. Од сјајните галаксии сместени во дискот, една третина се во јатото Девица, а остатокот се во облаците Ловечки Кучиња и Девица II, како и во незначајната група NGC 5643. Сјајните галаксии во ореаолот исто така се сосредоточени во мал број на облаци (94 % во 7 облаци). Распределбата покажува дека „највеќето од зафатнината на супергалактичката рамнина е една голема празнина“.[4] Оваа распределба е нешто налик на меури од сапуница. Зрамнети јата и суперјата се среќаваат во пресекот на меури, кои се големи и приближно топчести празнини (со големина од 20–60 Мпс во пречник).[6] Преовладуваат долги кончести структури. Пример за ова е суперјатото Водна Змија-Кентаур, најблиското до Месното Јато, кое почнува на растојание од 30 Мпс и се протега до 60 Мпс.[7] КосмологијаГолеморазмерна динамикаКон крајот на 1980-тите се покажало дека не само Месната Група, туку сета материја на далечина од барем 50 Мпс претрпува масовен тек од 600 км/с во правец на јатото Рамнило (Ејбел 3627).[8] Причината за ова е таканаречениот „Голем Привлекувач“. Тој денес се смета за тежиште на уште поголема структура од галактички јата наречена Ланијакеја, која го опфаќа суперјатото Девица, но и суперјатата Водна Змија-Кентаур, Паун-Индијанец и групата Печка. Големиот Привлекувач, заедно со целото суперјато се движи кон Шеплиевото Суперјато чие средиште е Шеплиевиот Привлекувач.[9] Темна материјаМесното Јато има вкупна маса M ≈ 1015 M☉ и вкупна оптичка сјајност L ≈ 3×1012 L☉.[1] Ова дава сооднос маса-светлина околу 300 пати поголема од Сончевиот сооднос (M☉/L☉ = 1), што одговара на резултатите добиени за други суперјата.[10][11] За споредба, соодносот маса-светлиан за Млечниот Пат изнесува 63,8 поретпоставувајќи сончева апсолутна величина од 4,83,[12] а апсолутна величина на Млечниот Пат од −20,9,[13] и маса на Млечнит Пат од 1,25×1012 M☉.[14] Овие соодноси се еден до главните аргументи во полза на присуството на големи количества темна материја во вселената; кога не би постоела темната материја, би се очекувале многу помали соодноси маса-светлина. Карти![]() ![]() ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia