Деца на сонцето (филм)
Деца на сонцето — македонски филм од 2014 година, во режија на Антонио Митриќески. Во главните улоги настапуваат: Ивана Павлаковиќ, Мето Јовановски, Владо Јовановски, Билјана Танески, Камка Тоциновски, Александар Микиќ, Милица Стојанова, Данчо Чевревски итн. Директор на фотографијата е Јарек Шода, а продуцент е Дејан Милошевски. Македонската премиера на филмот била одржана на 18 септември 2014 година во Битола, на последната вечер на Меѓународниот фестивал за филмска камера „Браќа Манаки“. Светската премиера на филмот се одржала на 25 септември 2014 година, на меѓународниот фестивал „Реинденс“ во Лондон, каде што филмот се натпреварувал во службената конкуренција.[1] Во декември 2014 година, филмот бил прикажан на филмскиот фестивал „Фест“ во Белград.[2] Улоги
СодржинаПриказна за семејството и верноста, љубовта и загубата, предавството и покајанието. Додека мафијата уништува едно големо семејство кое се соочува со тежок живот, љубовта цвета меѓу Марк (гангстер) и Ангела, кои се заљубени уште од училишните денови. Сепак, иако судбината конечно се насмевнува и семејството го наоѓа одамна изгубеното богатство, Ангела го издава семејството во име на љубовта и го краде богатството, за да го спаси Марко од мафијата. Секој го добива она што го заслужува, а љубовта има несреќен крај.[3] Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia