Милица Стојанова
Милица Стојанова (родена на 6 јуни 1932 во Крива Паланка) — македонска театарска, филмска и телевизиска глумица.[1] ЖивотописПо завршувањето на Средната театарска школа во Скопје, работела во Радиодрамата во Скопје, а потоа во Драмата на МНТ од 1953 до 1964 година. Од 1964 година па сè до пензионирањето била во Драмскиот театар во Скопје. Заедно со глумиците Нада Гешоска, Мери Бошкова и Љупка Џундева, таа се смета за една од најангажираните актерки, кој оставиле белег во македонскиот театар и филм. Добитник е на повеќе високи признанија - на највисоката републичка награда „11 Октомври“ за ролја и за животно дело, потоа на Наградата на градот Скопје „13 Ноември“, на Стериината награда на Театарските игри во Нови Сад, како и на Театарските игри „Војдан Чернодрински“ во Прилеп. Двапати е прогласена за артист на годината од страна на ревијата „Екран“ од Скопје.[2][3] Филмографија
Награди
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia