Камка Тоциновски
Камка Тоциновски (Скопје, 27 јуни 1979) — македонска театарска, филмска и телевизиска глумица. БиографијаКамка Тоциновски дипломирала на Факултетот за драмски уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Скопје, на отсекот Глумечка игра во 2001 година. Со театарот одблиску се запознала во средношколските денови во Гимназијата „Орце Николов“, преку аматерската претстава „Кралот Иби” на Алфред Жари во која ја толкува улогата на Мама Иби. Во 2000 година дебатира на сцената на „Јордан Хаџи Константинов–Џинот“ – Велес со претставата „Елешник“ во режија на Димитар Станковски како и на сцената на МНТ од Скопје, со „Будење на пролетта“ во режија на Златко Славенски. Добитник е на наградите „Трајко Чоревски” и „Војдан Чернодрински” за најдобра глумица на Фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп, како и наградата „Вељко Маричиќ” на Меѓународниот фестивал во Ријека, Хрватска. Во 2013 година, таа станала член при драмата на Македонскиот народен театар. Во потесниот круг на семејството на Камка Тоциновски има значајни имиња од филмската уметност, од НОБ на Македонија како и од Илинденското востание. Нејзината тетка Марија Тоциновски ѝ е позната на јавноста по филмовите на Жика Митровиќ - „Мис Стон”, „Капетан Леши“ и „Сигнали над градот“. Нејзината баба е спомената во книгата „Жените на Македонија во НОВ“, а дедо ѝ Милан Тоцинов е носител на Илинденска споменица. Филмографија
ТеатарТеатарски претстави во кои глуми Камка Тоциновски:
Наводи
Надворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia