Добромирово (манастир)
Добромирово — македонски православен манастир во демирхисарското село Слепче.[1] Манастирот е сместен во источните падини на Илиница, огранок на Бигла на само 3 км од познатиот Слепченски манастир. До него води тампониран пат. Манастирот е возобновен во средината на XX век врз остатоците од истоимената црква и некропола од средниот век. Манастирската црква е посветена на Пресвета Богородица Балаклија. Манастирот е идеален за ловен туризам, затоа кај населението е познат како манастир на ловџиите и располага со сместувачки капацитети. Според легендите, манастирот Добромирово е поврзан со војсководецот Добромир на Самоиловата војска. Во неговите конаци низ вековите свој одмор наоѓале и македонските самостојни владетели Добромир Хрс и Добромир Стрез. По нивното име манастирот го добило името „Добромирово“. Слава на манастирот е Источен Петок, по Велигден и Илинден. Во непосредна близина на манастирскиот двор се подигнати нови конаци. . Објекти
Денешната манастирска црква е изградена на помал дел од старите темели во 1970 г. Според археолошките наоѓалишта тука постоела црква од средниот век.
Манастирот располага со два конака.
Наводи
Галерија
|
Portal di Ensiklopedia Dunia