Драги Сетинов
Драги Сетинов (роден на 13 февруари 1961, во Скопје) — поранешен македонски фудбалер, играч од одбраната, и фудбалски тренер. КариераКлупска кариераКариерата ја започнал во 1981 година во Победа од Прилеп, со која одиграл само една сезона во која забележал 27 натпревари и постигнал еден гол. Во 1982 година, преминал во Вардар, каде одиграл пет сезони и забележал преку 100 настапи. Во 1986 година, се сели во Хајдук Сплит, за кој дебитирал на 10 август истата година во првенствениот натпревар против Риека. Веќе во првата сезона со клубот го освоил и својот прв трофеј во кариерата, Купот на Југославија, совладувајќи ја во финалето токму Риека по изведување на пенали. Во 1988 година го освоил Трофејот Били како најдобар играч избран од Слободна Далмација.[1] Во Хајдук останал до 1991 година, освојувајќи во својата последна сезона со клубот уште еден Куп на Југославија, овојпат после победа над Црвена ѕвезда во финалето со 1-0, во последното издание на натпреварувањето. Во 1991 година, заминал во грчкиот клуб Етникос Пиреја, каде ја одиграл својата последна сезона во кариерата.[2] Репрезентативна кариераИако бил повикуван во репрезентацијата на Југославија, Сетинов никогаш не настапил за неа во официјален натпревар.[3] ТитулиХајдук Сплит
Наводи
Надворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia