Фудбалски куп на Југославија 1990-1991, познат и под името Куп на Маршалот Тито 1990-1991, било 43-тото (и последно) издание на натпреварувањето под ова име. Воедно, ова било последното натпреварување во кое учествувале хрватски и словенечки клубови, бидејќи двете земји се отцепиле од Југославија во 1991 година.
Бранител на титулата била Црвена ѕвезда. Трофејот во ова издание го освоила екипата на Хајдук Сплит, кој во финалето ја победила токму екипата на Црвена ѕвезда, со што спречиле „црвено-белите“ да ја освојат „тројната круна“ (бидејќи веќе ги имале освоено првенството и Купот на шампионите).
По отцепувањето на Хрватска од Југославија, капитенот на Хајдук, Игор Штимац, изјавил: „Овој трофеј ќе остане со нас засекогаш, бидејќи мислам дека овој куп никогаш повеќе нема да се игра“.[2] Всушност, трофејот (17 кг сребро,[3] до 2008 година не се знаело каде е скриен) никогаш не бил вратен во Фудбалската федерација на Југославија.
Квалификувани екипи
Сите 18 екипи учесници во Прва лига 1989-1990 се квалификувале директно. Останатите 14 екипи (во жолто) ги поминале квалификациите.
Шеснаесттина финале
Осминафинале
Четвртфинале
Полуфинале
Финале
Екипа победник
Хајдук Сплит
9. титула
Наводи
Надворешни врски