Евангелисти![]() Евангелисти (грчки: εὐαγγελιστής — оние што ја објавуваат добрата вест) — апостоли, автори на четирите канонски Евангелија: Матеј, Марко, Лука и Јован. Матеј и Јован се вбројуваат меѓу Дванаесетте апостоли, додека Марко и Лука се сметаат за едни од Седумдесетте апостоли. Во христијанството, во поширока смисла, евангелисти се сите луѓе што ја објавуваат Радосната вест (Евангелието). Според Библијата, Послание до Ефесјаните, глава 4, стих 11: „И Тој (Бог) постави некои за апостоли, други за пророци, некои за евангелисти, а други за пастири и учители...“ Така се разбира овој поим и во повеќето протестантски цркви.[1][2]
Во древноста, називот „евангелист“ имал пошироко значење; така биле нарекувани сите проповедници на Евангелието (Благата вест) или на христијанството. Кај протестантите оваа употреба на зборот се задржала — така се нарекуваат мисионерите и други лица што го проповедаат христијанството, содржано во Евангелијата. Во древната христијанска Црква постоел посебен степен или служба на евангелисти, наменет исклучиво за проповед на Евангелието меѓу Евреите и незнабошците. Кај древните христијански писатели, вообичаен симбол за четворицата евангелисти била таинствената кочија што пророкот Езекил ја видел крај реката Ховар (Ез. 1:5—26), составена од четири четирилики суштества, што наликувале на човек, лав, теле и орел. Овие крилести суштества, земени поединечно, станале симболи на евангелистите, и христијанската уметност почнувајќи од V век ги прикажува така:
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia