Единаесетта пешадиска македонска дивизијаЕдинаесетта пешадиска македонска дивизија била дивизиjа во составот на бугарската војска за време на Првата светска војна, во која се наоѓале над 30.000 Македонци.[1] Основање и составИдејата за таква дивизиjа била на раководството на ВМРО и кругот околу Александар Протогеров. Наредбата за нејзиното создавање била донесена на 22 август 1915 година, а името Единаесетта македонска било дадено на 12 септември истата година. Фактичката организацијата била спроведена во текот на општата бугарска мобилизациjа меѓу 1 и 4 септември. Составот вклучувал седум полкови, шест пешадиски, нарекувани 1-6 македонски полкови, и еден артилериски полк. На првиот ден на војната во дивизиjата имало 34.745 офицери и војници. Офицерите во дивизиjата исто биле претежно од Македонија. ![]()
Воени деjствијаВо есента на 1915 година Единаесетта пешадиска македонска дивизиjа нападнала Србија во правец кон Вардарска Македонија во составот на Втора бугарска армиjа и имала значајно учество во успешните битки кај Струмица, Кавадарци, Неготино и Криволак против српски и француски експедициски трупи. Во 1916 дивизиjата била префрлена на источниот сектор на Македонскиот фронт, каде успешно извршила напад во текот на бугарската офанзива меѓу реката Места и реката Струма против британските експедициски трупи. Во 1917 воените деjства продолжиле, а во 1918, кога одделни бригади биле префрлени во составот на неколку различни позиции, дел од неа учествувал во успешната заштитна Битка кај Дојран на 18 и 19 септември 1918, во која биле победени многу посилни британски и грчки трупи. Потоа во текот на офанзивата на Антантата во Вардарска Македонија Единаесетта пешадиска македонска дивизија отстапила во добар ред до денешниот Благоевград каде била демобилизирана, а во април 1919 година била конечно распуштена. Извори
|
Portal di Ensiklopedia Dunia