VI Конгрес - с. СрбиновоVI Конгрес - с. Србиново — конгрес на ВМРО (Автономистичка). Овој конгрес е всушност прв на оваа организација, меѓутоа бидејќи ВМРО (Автономистичка) се декларира како наследник и продолжувач на делото на Македонската револуционерна организација, првиот конгрес на ВМРО (Автономистичка) се смета за VI Конгрес. ЗаседаниеШестиот општ конгрес на ВМРО се одржал од 7 до 11 февруари 1925 година во с. Србиново (денешно с. Брежани), Горноџумајско. ДелегатиНа него учествувале вкупно 41 делегат, 35 делегати од револуционерните окрузи, ЗП и неколку специјални гости. На Конгресот учествуваат по ред:
На конгресот претседателствувал Ангел Узунов. Стенографи биле Пано Поп Пандов и Страхил Развигоров. Обезбедувањето на Конгресот и другите технички подготовки му биле доверени на Петар Станчев, кој пристигнал од Скопско, откако слушнал за убиството на Тодор Александров, а во негова помош беа: Дончо Чупаринов, Григор Хаџи Кимов и околу 30 души четници, вон од вооружените селани. Дневен редПоважни прашања:
РаботаОтчетПолитичкиот отчет на Централниот комитет и Задграничното претставништво од 1908 до 1925 година, т.е. за 17 години откако не бил одржан конгресот го подготвуваат Г. Баждаров и В. Василев, а го поднел Георги Баждаров. Кирил Прличев го прочитал подготвениот боев отчет од него, а Александар Протогеров дал финансиски отчет. Извештајот за убиството на Тодор Александров го прочитал Наум Томалевски. После кратките дискусии отчетите биле прифатени. Дискусии за уставот, правилникот и целтаНајмногу време се посветило на измените на Уставот и Правилникот организацијата, во кои целта на ВМРО и натаму останала иста:
(самоуправување) – чл. 1. - и да се подготви македонското население, без разлика на вера и народност, за револуционерни акции, а во краен случај на едно општо и масовно востание. Конгресот исфрли и повеќе политички резолуции, помеѓу кои и резолуцијата за тактиката на ВМРО, составена од Г. Баждаров. Територијална организацијаКонгресот ја доуточнува распределбата на организационата територија во следниот вид: Битолски организационен округ со околии Костурска, Битолска, Прилепска, Крушевска, Кичевска, Охридска, Струшка, Дебарска и Ресенско-Преспанска. Скопски револуционерен округ, ги вклучува околиите Скопска, Тетовско-Гостиварска, Кичевска, Царевоселска, Штипска, Св. Николска и Велешка. Солунски револуционерен округ со околиите Солунска, Кукушка, Ениџе-Вардарска, Воденска, Маглишка, Негушка, Гевгелиска и Тиквешка. Серски револуционерен округ со Серска, Демирхисарска, Драмска и Ковалска околија. Струмички револуционерен округ со околиите Поројска, Дојранска, Струмичка, Малешевска и Радовишка. Врските меѓу соседните револуционерни околии се остваруваа преку окружните комитети, а окружните раководства контактираа меѓу себе преку ЦК на ВМРО. Пограничните околии одржуваа врски со најблиските пунктови началници на начин каков што сами ќе си определат, но само по прашања од информациски карактер, како брзо соопштение и др. Определено е уште за Пиринскиот крај, каде што се сосредоточени основните сили на организацијата, и за Скопскиот револуционерен округ да одговара Ив. Михајлов. За Битолскиот округ во ЦК одговара Г. Поп Христов, а за Солунскиот, Серскиот и Струмичкиот револуционерен округ е задолжен Ал. Протогеров. Избор на телаНа крајот се пристапило кон изборот на телата. Во изборот на новиот состав на Централниот комитет Иван Михајлов од Штип бил избран со 39 гласа, речиси едногласно, после по бројот на гласовите бил избран Георги Поп Христов од с. Крстоар, Битолско и Александар Протогеров од Охрид со околу 27 гласа од 40. Како резервни членови на ЦК по бројот на гласовите биле избрани: Петар Шанданов од Охрид, Јордан Ѓурков од Штип и Никола Василев од Радовиш. Задгранични претставници: Кирил Прличев од Охрид, со најмногу гласови, после Георги Баждаров од с. Горно Броди, Серско и Никола Томалевски од Крушево. Како резервни претставници за ЗП: Тома Карајовов од Скопје, Јордан Бадев и Ангел Узунов (брат на Христо Узунов). Сите тие избрани 12 души, образувале еден виш совет на ВМРО. Дискусија за Виенската акцијаГолеми дискусии се воделе за Виенската акција – потпишувањето на Mајскиот манифест и откажувањето од него. Конгресот прифаќа специјална резолуција, во којашто се изјавува: ВМРО ќе ги гони оние дејци на организацијата или луѓе надвор од неа, коишто се поврзани со убиството на Тодор Александров. На Конгресот, од страна на М. Монев (зет на Т. Александров), Петар Пашата (прилепски војвода) и Иван Брљо, имало обиди за обвинување на А. Протогеров за убиството на Т. Александров, но тие поминале без успех.[1][2][3] Извори
|
Portal di Ensiklopedia Dunia