Марш на македонските револуционери - музика и текст
Изгреј зора на слободата (позната и како Марш на македонските револуционери) — македонска револуционерна химна. Оваа химна е користена од страна на неколку македонски организации кои биле дел од македонското национално движење[1] и од МПО во САД и Канада.[2] Во 1948 година била забранета во НР Македонија и со тој чин тогашните македонските власти се откажале од оваа химна.
Во поново време химната се користи од страна на бугарските националистички партии и од некои здруженија и друштва во Македонија кои се залагаат за бугарската идеја, односно за бугарските корени на Македонците, а меѓу нив спаѓаат ВМРО-БНД[3][4] и Здружението Радко.[5]
Текстот и музиката на химната се на бугарскиот композитор од Стара ЗагораАлександар Морфов.[6] Повеќе извори тврдат дека текстот е напишан на бугарски јазик,[6][7] меѓу кои и историчарот од МАНУБлаже Ристовски. Според музичката историчарка Јелица Тодорчевска песната е напишана во 1923 година.[6] Владимир Перев, продуцент во МТВ и истражувач на химната, тврди дека „Изгреј зора“ била направена по порачка на Тодор Александров.[6] Во една стихозбирка од 1974 година се наведува дека таа најверојатно потекнува од источна Македонија.[8] Постои и теза дека се работи за руска мелодија, која преку Бугарија била пренесена во Македонија, а во Русија дошла можеби преку Франција.[се бара извор]
Во текот на НОВ, во 1943 година е препеана на посовремен македонски јазик од Кочо Рацин и е објавена како прва песна во стихозбирката „Македонски народноослободителни песни“.
Историско значење за македонскиот народ
Химната била интонирана во почетокот на Првото заседание на АСНОМ, одржано на 2 август1944 година во манастирот Св. Прохор Пчински:
„
Иницијативниот одбор за свикуењето на Првото заседание на АСНОМ, бурно поздравен, си го завзима своето место на бината. По тишината која после тоа настапи, громогласно одекна химната „Изгреј зора на Слободата“. Панко Брашнаров, најстариот член на иницијативниот одбор, со тих и дрхтав глас го отвори заседанието.[9]
“
„
...Пре негу што започна конференцијата со својата работа, хорот на Младинскиот сојуз, под раководство на другарот Гајдов ги испеа химните „Хеј Словени" и „Изгреј зора", кој бева стојејеки изслушани...[10]
“
„
...Меѓувремено музиката засвирва „Изгреј зора на Слободата" и другарот Турунджиев го дава знамето со повик: Ова знаме на Илинденското востание Ви го предавам и верувам дека ќе го чувате (силни ракоплесканија)...[11]
“
Контрадикторности
Национален карактер
Химната е напишана на бугарски јазик, од бугарскиот композитор Александар Морфов, автор на околу 30 воени маршеви и тој факт се користи од страна на бугарските научници за тврдењето дека Изгреј зора на слободата е бугарски воен марш[12][13]. Меѓутоа химната никогаш не била користена од страна на некое бугарско друштво или организација, Изгреј зора на слободата била исклучиво користена од страна на македонските револуционери и патриоти кои се залагале за Независна Македонија, односно Самостојна македонска држава, во текот на нивните собири, митинзи или други јавни или приватни случувања.
Изгреј зора на слободата е напишана на бугарски јазик од проста причина што самиот автор бил од Бугарија. Меѓутоа кога на повидок веќе било создавањето на самостојна македонска држава, во текот на војната во 1943 година била препеана на посовремен македонски јазик од Кочо Рацин[6] и објавена како прва песна во стихозбирката Македонски народноослободителни песни.
Забрана
Во 1948 година властите на НР Македонија ја забраниле Изгреј зора на слободата со изговор дека таа се користи од страна на оние Македонци кои сметаат дека македонскиот народ има бугарски корен. Меѓутоа тогашната политика истовремено ги жигосувала Македонците кои биле приврзаници на бугарската идеја, но и македонските патриоти, кои биле нарекувани како националисти [7].
Забраната од 1948 година придонела Изгреј зора на слободата повеќе да не се интонира во Македонија, а во свеста на македонскиот народ останало сеќавањето дека таа химна е бугарска или пробугарска песна.
Текст
Изгреј зора на слободата
(препев на стандарден македонски јазик)
Изгреј зора на свободата
(верзија од 2 август 1945[7])
Изгрѣй зора на свободата
(верзија од 1923 година [14])